превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ
ЗА ИНДУСТРИСКАТА СОПСТВЕНОСТ
Сл.Весник на Р.Македонија бр. 79 од 25.06.2007 година
Член 1
Во Законот за индустриската сопственост ("Службен весник на Република Македонија" број 47/2002, 42/2003, 9/2004 и 39/2006), во членот 52 став (1) се бришат зборовите: "постапи по заклучокот од членот
51 став (1) на овој закон, односно", а по зборот "таксите" запирката се брише и се додаваат зборовите: "од членот 51 став (1) на овој закон".
Член 2
Во членот 141 став (1) по зборовите: "126 на овој закон" запирката се заменува со сврзникот "и", а зборовите: "од денот на приемот на заклучокот" се бришат.
Член 3
Во насловот на Дванаесеттиот дел зборовите: "КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ" се заменуваат со зборовите: "ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ".
Член 4
Членот 228 се менува и гласи:
"(1) Глоба во износ од 4.000 до 8.000 евра во денарска противвредност надлежниот суд ќе му изрече на правното лице за прекршок, доколку:
1) неовластено се занимава со застапување на странски правни и физички лица (член 16);
2) неовластено користи пријавен или заштитен пронајдок (член 202
ставови (3) и (4));
3) неовластено користи или имитира пријавен или заштитен индустриски дизајн (член 202 ставови (3) и (4));
4) неовластено користи или имитира пријавена или заштитена трговска марка (член 202 ставови (3) и (4)) и
5) неовластено користи или имитира добро позната трговска марка (член
202 ставови
(2) Покрај глобата од ставот (1) на овој член на правното лице му се изрекува санкција забрана за вршење дејност од една до три години.
(3) Глоба во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе се изрече и за одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член.
(4) Покрај глобата од ставот (3) на овој член на одговорното лице во
правното лице му се изрекува санкција забрана за вршење професија,
дејност или должност во траење на дејност од една до три години.
(5) Глоба во износ од 700 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице за прекршокот од ставот (1) на овој член.
(6) Покрај глобата од ставот (5) на овој член на физичкото лице му се изрекува санкција забрана за вршење професија, дејност или должност во траење од една до три години.
1
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
(7) За сите прекршоци од членот 227-в на овој закон и ставот (1) на овој член на правното лице, одговорното лице во правното лице и на физичко лице ќе им се изрече мерка одземање на предмети.
(8) За прекршоците од ставот (1) на овој член со кои се предизвикува поголема имотна штета, во сразмер со висината на причинетата штета или прибавената корист, надлежниот суд може да изрече глоба до 20.000 евра во денарска противвредност.
(9) Доколку се утврди дека прекршоците од ставот (1) на овој член sе сторенi од организирана група на лица, составена од најмалку три лица, надлежниот суд може да изрече глоба во износ од 25.000 евра во денарска противвредност.
(10) При повторување на прекршоците од ставот (1) на овој член, надлежниот суд може да изрече глоба во износ од 30.000 евра во денарска противвредност."
Член 5
По членот 228 се додава нов член 228-а, кој гласи: "Член 228-а
(1) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на правното лице за прекршок, доколку:
1) неовластено користи ® за трговска марка што не е регистрирана;
2) неовластено користи или имитира заштитен географски назив (член 202
ставови (3) и (4)) и
3) на барање на носителот на правото, не ги достави документите и податоците во врска со повреда (членови 201 став (2) и 214).
(2) Глоба во износ од 350 до 700 евра во денарска противвредност ќе се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член.
(3) Глоба во износ од 350 до 700 евра во денарска противвредност ќе се изрече на физичко лице за прекршоците од ставот (1) на овој член."
Член 6
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
"Службен весник на Република Македонија".
2