превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ТОПОГРАФИЈАТА НА ИНТЕГРАЛНИТЕ КОЛА
Сл.Весник на Р.Македонија бр.33 од 20.03.2006 година
Член 1
Во Законот за заштита на топографијата на интегралните кола ("Службен весник на Република Македонија" бр. 5/98) во членот 5 зборовите: "Заводот за заштита на индустриска сопственост" се заменуваат со зборовите: "Државен завод за индустриска сопственост".
Член 2
Во членот 6 став (2) зборовите: "министерот за развој" се заменуваат со зборовите: "надлежна второстепена комисија на Владата на Република Македонија".
Член 3
Во членот 12 став (4) зборовите: "Министерот за развој" се заменуваат со зборовите: "Директорот на Заводот".
Членот 18 се менува и гласи:
Член 4
"Одредбите за застапување и застапување на странци, составот на Комисијата по жалба на Владата на Република Македонија, достапност на документацијата и информациите на Заводот, начинот на поднесување на пријава, роковите за продолжување на постапката, достапноста на документацијата и информациите на Заводот, впишување промени во регистрите, општите одредби за судска заштита, мерките на обезбедување, пренесување на правата и договор за лиценца, огласување за ништовно решение за признавање на правата од индустриска сопственост и инспекцискиот надзор од Законот за индустриската сопственост ќе се применуваат и на топографиите на интегрални кола."
Член 5
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
"Службен весник на Република Македонија".
1