关于知识产权 知识产权培训 树立尊重知识产权的风尚 知识产权外联 部门知识产权 知识产权和热点议题 特定领域知识产权 专利和技术信息 商标信息 工业品外观设计信息 地理标志信息 植物品种信息(UPOV) 知识产权法律、条约和判决 知识产权资源 知识产权报告 专利保护 商标保护 工业品外观设计保护 地理标志保护 植物品种保护(UPOV) 知识产权争议解决 知识产权局业务解决方案 知识产权服务缴费 谈判与决策 发展合作 创新支持 公私伙伴关系 人工智能工具和服务 组织简介 与产权组织合作 问责制 专利 商标 工业品外观设计 地理标志 版权 商业秘密 WIPO学院 讲习班和研讨会 知识产权执法 WIPO ALERT 宣传 世界知识产权日 WIPO杂志 案例研究和成功故事 知识产权新闻 产权组织奖 企业 高校 土著人民 司法机构 遗传资源、传统知识和传统文化表现形式 经济学 金融 无形资产 性别平等 全球卫生 气候变化 竞争政策 可持续发展目标 前沿技术 移动应用 体育 旅游 PATENTSCOPE 专利分析 国际专利分类 ARDI - 研究促进创新 ASPI - 专业化专利信息 全球品牌数据库 马德里监视器 Article 6ter Express数据库 尼斯分类 维也纳分类 全球外观设计数据库 国际外观设计公报 Hague Express数据库 洛迦诺分类 Lisbon Express数据库 全球品牌数据库地理标志信息 PLUTO植物品种数据库 GENIE数据库 产权组织管理的条约 WIPO Lex - 知识产权法律、条约和判决 产权组织标准 知识产权统计 WIPO Pearl(术语) 产权组织出版物 国家知识产权概况 产权组织知识中心 产权组织技术趋势 全球创新指数 世界知识产权报告 PCT - 国际专利体系 ePCT 布达佩斯 - 国际微生物保藏体系 马德里 - 国际商标体系 eMadrid 第六条之三(徽章、旗帜、国徽) 海牙 - 国际外观设计体系 eHague 里斯本 - 国际地理标志体系 eLisbon UPOV PRISMA UPOV e-PVP Administration UPOV e-PVP DUS Exchange 调解 仲裁 专家裁决 域名争议 检索和审查集中式接入(CASE) 数字查询服务(DAS) WIPO Pay 产权组织往来账户 产权组织各大会 常设委员会 会议日历 WIPO Webcast 产权组织正式文件 发展议程 技术援助 知识产权培训机构 COVID-19支持 国家知识产权战略 政策和立法咨询 合作枢纽 技术与创新支持中心(TISC) 技术转移 发明人援助计划(IAP) WIPO GREEN 产权组织的PAT-INFORMED 无障碍图书联合会 产权组织服务创作者 WIPO Translate 语音转文字 分类助手 成员国 观察员 总干事 部门活动 驻外办事处 职位空缺 采购 成果和预算 财务报告 监督
Arabic English Spanish French Russian Chinese
法律 条约 判决 按管辖区浏览

Law on Industrial Property, 北马其顿

返回
废止文本 
详情 详情 版本年份 2004 日期 生效: 2002年7月8日 议定: 2002年6月20日 文本类型 主要知识产权法 主题 专利(发明), 工业品外观设计, 商标, 地理标志, 竞争, 植物品种保护, 知识产权及相关法律的执行, 知识产权监管机构, 工业产权 This consolidated version of the Law on Industrial Property incorporates all the amendments up to the 'Law on Amendments to the Law on Industrial Property', published in the Official Gazette No. 9/2004 of June 21, 2004.

可用资料

主要文本 相关文本
主要文本 主要文本 马其顿语 Закон за индустриската сопственост        
Microsoft Word - PT_Zakon_za_Industriska_sopstvenost_40_21062004

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

ЗАКОН ЗА ИНДУСТРИСКАТА СОПСТВЕНОСТ

Сл. Весник на Р. Македонија, бр.40 од 21.06.2004 година

(Пречистен текст)

ОПШТИ ОДРЕДБИ Содржина на законот

Член 1

Со овој закон се уредува стекнувањето, остварувањето и заштитата на правата од индустриска сопственост.

Права од индустриска сопственост

Член 2

(1) Права од индустриска сопственост се: патент, индустриски дизајн, трговска марка, ознака на потеклото и географска ознака.
(2) Со патент се штити пронајдок.
(3) Со индустриски дизајн се штити нова форма на тело, слика, цртеж, контура,
композиција на бои или нивна комбинацијадизајн. (4) Со трговска марка се штити трговски знак.
(5) Со ознака на потеклото и географска ознака се штити географскиот назив.

Дефиниции

Член 3

Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:
-"права од индустриска сопственост" се права од интелектуални творби и економски врски од областа на индустријата и трговијата, вклучително и земјоделството, во смисла на членот 2 став (1) од овој закон;
- "патент" е право од индустриска сопственост со кое се штити пронајдок во постапка утврдена во овој закон;
- "индустриски дизајн" е право од индустриска сопственост стекнато во постапка според овој закон со кое се штити дизајнот;
- "трговска марка" (стоковна, услужна, колективна и сертификатна марка) е право од индустриска сопственост стекнато со постапка според овој закон со кое се штити трговскиот знак;
- "географска ознака" е право од индустриска сопственост стекнато според овој закон со кое се штити географски назив;
- "ознака на потекло" е право од индустриска сопственост стекнато според овој закон со кое се штити географски назив;
- "пронајдок" е решение на технички проблем во смисла на членот 25 од овој закон што се однесува на производ, постапка или материја сама по себе, која е резултат на одредена постапка;
- "дизајн" е нова форма на тело, слика, цртеж, контура, композиција на бои,
текстура или нивна комбинација во смисла на членот 92 од овој закон;
- "трговски знак" е знак кој може графички да се прикаже и ги исполнува условите од членот 137 на овој закон;
- "географски назив", во смисла на овој закон, е назив и/или обележје на земјата,
регионот или местото со кои се означува дека производот потекнува од тоа

1

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


подрачје;
- "субјекти на правата од индустриска сопственост" се домашни и странски правни и физички лица кои во постапка утврдена со овој закон се стекнале со права од индустриска сопственост;
- Париска конвенција за заштита на индустриската сопственост донесена во 1883 година, како и изменета и дополнета (во натамошниот текст: Париска конвенција);
- Договор за соработка во областа на патентите е Договорот од 19 јуни 1970
година, изменет и дополнет (во натамошниот текст: ДСП);
- Мадридски договор за меѓународно регистрирање на трговските марки од 14 април 1891 година, изменет и дополнет (во натамошниот текст: Мадридски договор);
-"меѓународна класификација на производи и услуги" е класификацијата според
Договорот од Ница за меѓународна класификација на производите и услугите заради регистрирање на трговските марки од 15 јуни 1957 година, изменет и дополнет;
- "локарнска класификација" е класификација според Локарнскиот договор за меѓународна класификација на индустриски дизајн од 8 октомври 1968 година, изменет и дополнет;
- "Париска унија" е унија заснована на Париската конвенција;
- "Хашки договор за меѓународно пријавување на индустриски дизајн", хашки документ од 28 ноември 1960 година, изменет и дополнет (во натамошниот текст: Хашки договор);
- Договор за соработка на полето на патентите меѓу Владата на Република Македонија и Европската патентна организација и Одредбите кои важат при проширувањето на европските патенти од 24 јуни 1997 година ( во натамошниот текст: Договор за проширување);
- Протокол на Мадридскиот договор за меѓународна регистрација на трговските марки од 27 јуни 1989 година (во натамошниот текст: Мадридски протокол);
- Светска трговска организација, меѓународна организација создадена со
Маракешката спогодба (во натамошниот текст: СТО) и
- Конвенција за меѓународни изложби потпишана во Париз на 22 ноември 1928 година, последен пат ревидирана на 31 мај 1988 година (во натамошниот текст: Конвенција за меѓународни изложби).

Начело на законитост

Член 4

Правата признаени врз основа на овој закон не можат да се користат спротивно на Уставот, законите и на добрите деловни обичаи.

Субјекти на правата од индустриска сопственост

Член 5

(1) Субјекти на правата од индустриска сопственост се домашни и странски правни и физички лица.
(2) Странските правни и физички лица, согласно со овој закон, во поглед на
заштитата на правата од индустриска сопственост во Република Македонија ги уживаат истите права како и домашните правни и физички лица, ако тоа произлегува од меѓународните договори и конвенции или од применување на начелото на реципроцитет.
(3) Постоењето на реципроцитет од ставот (2) на овој член го утврдува министерот за правда, под услови и во постапка утврдени со закон.

2

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Права на субјектите на правата од индустриска сопственост

Член 6

(1) Пронајдувачот на патентот и авторот на индустрискиот дизајн имаат морални и материјални права на своите творби утврдени со закон.
(2) Субјектите од ставот (1) на овој член, како и носителот на трговска марка, овластениот корисник на ознака на потеклото и овластениот корисник на географска ознака, имаат и други права утврдени со меѓународни договори и конвенции, друг закон, општи акти и договор.

Морално право

Член 7

(1) Морално право на пронајдувачот и авторот е да бидат назначени во пријавата и исправите, што се однесуваат на патентот и индустрискиот дизајн.
(2) Ако пронајдокот или дизајнот е резултат на творечкиот труд на повеќе лица,
тие го уживаат правото од ставот (1) на овој член.

Материјално право

Член 8

(1) Материјалното право на носителот на патентот, индустрискиот дизајн и трговската марка го опфаќа правото на користење, на располагање, правото на надоместок и правото да забрани на трети лица неовластено користење во случаите и на начин што се предвидени, со меѓународни договори и конвенции, со овој закон, со друг закон и со договор.
(2) Носителите на колективната трговска марка и овластените корисници на ознака на потеклото и географска ознака ги уживаат правата од ставот (1) на овој член освен правото на располагање.

Надлежна институција

Член 9

(1) За вршење на работите во врска со стекнувањето и заштитата на правата од индустриска сопственост се основа Државен завод за индустриска сопственост (во
натамошниот текст: Завод).
(2) Заводот е управна организација со статус на самостоен орган на државна управа со надлежности утврдени со овој и друг закон.
(3) Заводот има својство на правно лице. (4) Седиштето на Заводот е во Скопје.

Раководење

(1) Со Заводот раководи директор. (2) Директорот има заменик.

Член 10

(3) Директорот на Заводот и заменикот ги именува и разрешува Владата на
Република Македонија.
(4) Директорот го застапува и претставува Заводот.

Надлежности

Член 11

Заводот ги извршува следниве задачи:

3

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


- врши прием на пријави за заштита на правата од индустриска сопственост;
- спроведува управна постапка за стекнување на правата од индустриска сопственост;
- води регистри на стекнати права и други регистри утврдени со овој закон;
- објавува службено гласило во кое ќе се содржат податоци за пријавени и признаени права на индустриска сопственост;
- спроведува испит за застапници во областа на индустриската сопственост;
- ја промовира заштитата на индустриската сопственост;
- ја претставува Република Македонија и ги застапува нејзините интереси во меѓународните, европските и регионалните организации за индустриска сопственост;
- поведува иницијативи за ратификување на меѓународни договори и се грижи за извршување на обврските од областа на индустриската сопственост кои произлегуваат од ратификуваните меѓународни договори кои ги склучила Република Македонија;
- соработува со други субјекти вклучени во системот за заштита на правата на индустриска сопственост во земјата и странство и
- врши други работи утврдени со закон.

Финансирање

Член 12

(1) Заводот се финансира од сопствени приходи.
(2) Приходите остварени од работењето на Заводот се користат за покривање на трошоците за тековното работење, развој и плати на вработените.
(3) Вишокот на приходи кои ќе ги оствари Заводот ги уплаќа во Буџетот на
Република Македонија.

Приходи

Член 13

Сопствените приходи Заводот ги остварува за работите кои ги врши според Мадридскиот договор, Мадридскиот протокол, Хашкиот договор, Договорот за проширување, како и од наплата на трошоците на постапката и од надоместоците за давање информациони услуги.

Односи на Заводот со другите органи и корисници

Член 14

Заводот во остварувањето на својата дејност соработува со другите државни органи, правни и физички лица и здруженија на граѓани од областа на индустриската сопственост и разменува информации со други заводи од странство, освен ако за определен вид размена на информации со закон поинаку не е определено.

Извештај

Член 15

Заводот поднесува најмалку еднаш годишно извештај за својата работа до
Владата на Република Македонија.

4

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Регистри и гласило на Заводот

Член 16

(1) Заводот води регистри на пријави, регистри на признаени права од индустриска сопственост и регистар на застапници во областа на индустриската сопственост.
(2) Во регистрите се впишуваат и подоцнежните промени кои се однесуваат на подносителот на пријавата, носителот на правото и на самото право.
(3) Регистрите од ставот (1) на овој член се јавни.
(4) Податоците за поднесените пријави и признаените права од индустриска сопственост се објавуваат во службеното гласило кое го издава Заводот согласно со одредбите на овој закон.

Видови пријави за заштита на правата од индустриска сопственост

Член 17

(1) Заштита на правата од индустриска сопственост во Република Македонија се бара со поднесување соодветна пријава во Заводот.
(2) Заводот прима и пријави со кои се бара заштита на правата од индустриска сопственост во странство, ако тоа е во согласност со меѓународни договори и конвенции кои ги ратификувала Република Македонија.
(3) Заштита на правата од индустриска сопственост во Република Македонија може да се бара и со пријава поднесена во странство ако таа е во согласност со
меѓународни договори и конвенции кои ги ратификувала Република Македонија.
(4) Подносителот на пријавата од ставот (3) на овој член ги има истите права како и подносителот на национална пријава, освен ако со одделен договор или конвенција поинаку не е определено.

Начин на поднесување на пријава

Член 18

(1) Пријавата за стекнување права од индустриска сопственост се поднесува во писмена форма, лично, по пошта или по електронски пат.
(2) Пријавата за стекнување право од индустриска сопственост може да се поднесе и на странски јазик доколку содржи назначување на видот на заштитата
која се бара и податоци за контакт со подносителот на македонски јазик.
(3) Ако пријавата е поднесена на странски јазик подносителот мора, во рок од 90 дена од денот на поднесување на пријавата на странски јазик, да достави превод на пријавата на македонски јазик, во спротивно ќе се смета дека пријавата е повлечена.

Управна постапка

Член 19

(1) Во управната постапка што се однесува на стекнување, остварување,
одржување и заштита на правата од индустриска сопственост во прв степен решава Заводот.
(2) Во управната постапка Заводот постапува согласно со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, а за се што не е предвидено со
овој закон се применува Законот за општа управна постапка.

5

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Жалба против првостепено решение

Член 20

(1) Против првостепеното решение донесено од страна на Заводот, странката има право на жалба до комисија на Владата на Република Македонија.
(2) Комисијата од ставот (1) на овој член брои пет члена кои ги именува Владата на Република Македонија од редот на научните и стручните лица од областа на правото на индустриска сопственост.
(3) Членови на Комисијата од ставот (1) на овој член не можат да бидат лица кои се: регистрирани застапници од областа на индустриската сопственост, адвокати, законски застапници на трговски друштва и други лица кои можат да имаат каков било интерес за стекнување, остварување и заштита на права на индустриска сопственост.

Постапување согласно со меѓународните договори

Член 21

Постапката која се однесува на пријавите од членот 17 ставови (2) и (3) на овој закон Заводот ќе ја спроведува согласно со меѓународните договори кои ги ратификувала Република Македонија.

Остварување на правата преку полномошник

Член 22

Во постапката пред Заводот и пред органите на државната управа, странските правни и физички лица ги остваруваат правата од овој закон преку полномошник кој е домашно правно или физичко лице регистрирано за застапување во областа на индустриската сопственост.

Достапност на документацијата и информациите на Заводот

Член 23

(1) Заводот е должен на заинтересираните правни и физички лица да им овозможи достапност до својата документација и информациите за пријавените и признаените права од индустриска сопственост, со исклучок на онаа документација која не е објавена во службеното гласило на Заводот.
(2) За пријавените права од индустриска сопственост достапни се само информациите содржани во регистарот на пријави.
(3) Увид во необјавена пријава може да се има само со дозвола на подносителот на пријавата.
(4) Документацијата и информациите од ставот (1) на овој член, како и другите услуги што се во врска со заштитата на индустриската сопственост, се достапни доколку се платат определени трошоци.

Такси и трошоци

Член 24

(1) За стекнување и одржување на правата од индустриска сопственост се плаќаат такси согласно со Законот за административни такси, како и посебни трошоци на постапката за признавање на правото.
(2) Висината на посебните трошоци на постапката од ставот (1) на овој член и на трошоците за давање информациони услуги од членот 23 став (4) на овој закон, ја утврдува директорот на Заводот со тарифа на која Владата на Република Македонија дава согласност.

6

ПРВ ДЕЛ ПАТЕНТ

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Предмет на заштитата

Член 25

(1) Со патент се штити пронајдок во сите области на техниката и технологијата, кој е нов, кој содржи инвентивен придонес и кој може да се применува во индустријата.
(2) Не се смета за пронајдок во смисла на ставот (1) од овој член:
1) откритие, научна теорија и математичка метода;
2) естетска творба;
3) план, правило и постапка за вршење интелектуална дејност, за игри или за вршење на деловни или бизнис активности, како и компјутерска програма и
4) прикажување на информации.
(3) Исклучок на предметот на заштита од ставот (2) на овој член е можен единствено ако пријавата на патент не се однесува на некој од тие предмети, сам
по себе.

Исклучоци од патентна заштита

Член 26

Со патент не може да се заштити пронајдок:
- кој се однесува на нови животински видови и растителни сорти и чисто биолошки постапки за добивање на животни и растенија, освен пронајдоците за микробиолошките процеси и производите добиени од таквите процеси;
- за хируршка и дијагностичка постапка или постапка за третман на живо човечко или животинско тело, со исклучок на пронајдок, кој се однесува на производ, особено материја или соединение, кои служат за примена на една од овие постапки и
- чие објавување или примена е спротивно на јавниот поредок или моралот, со тоа што примената на пронајдокот не може да се смета како таква единствено
заради фактот што е забранета со закон.

Новост на пронајдокот

Член 27

(1) Пронајдокот е нов ако не е опфатен со состојбата на техниката.
(2) Под состојба на техниката се подразбира сé што е достапно на светската јавност, со опишување на пронајдокот по писмен или устен пат, со употреба или на кој било друг начин пред датумот на поднесување на пријавата за патент, на начин кој на експерти од соодветната област им овозможува да го применуваат. (3) Во состојбата на техниката од ставот (2) на овој член влегува и:
- содржината на националните пријави на патент, такви какви што се поднесени во Заводот, освен оние патентни пријави кои се отфрлени или повлечени;
- европските патенти, онака како што ги признал Европскиот патентен завод, во согласност со Европската патентна конвенција, за коишто е побарана заштита на територијата на Република Македонија согласно со Договорот за проширување и
- меѓународните пријави, поднесени според ДСП, доставени до Заводот како избрана институција.
(4) Одредбите од ставовите (2) и (3) на овој член нема да претставуваат исклучок од патентибилноста за која било материја или соединение опфатено со состојбата

7

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


на техниката, ако истите треба да се употребат во метода или третман од членот
26 алинеја 2 на овој закон, доколку таквата употреба не е содржана во состојбата на техниката.

Откривање на пронајдокот без правни последици

Член 28

(1) При оценувањето дали пријавениот пронајдок е нов, во смисла на членот 27
од овој закон, нема да влијае фактот дека пронајдокот станал достапен на јавноста пред истекот на шест месеца од датата на поднесувањето на пријавата, на следниов начин:
- со очигледна злоупотреба спрема подносителот или неговиот правен претходник или
- со изложување на пронајдокот на официјална или официјално призната изложба во согласност со Конвенцијата за меѓународни изложби од подносителот
или од неговиот правен претходник.
(2) Одредбата од ставот (1) алинеја 2 на овој член, ќе се применува само доколку подносителот при поднесувањето на пријавата се повика на фактот дека пронајдокот бил изложуван и притоа достави писмен доказ издаден од овластена институција на земјата во која бил изложен.

Инвентивен придонес

Член 29

(1) Пронајдокот содржи инвентивен придонес ако за стручњак од областа, предметот на пронајдокот очигледно не произлегува од состојбата на техниката содржана во членот 27 од овој закон.
(2) Подносителот на пријавата може да се откаже од првобитната пријава и за истиот пронајдок да поднесе нова пријава, при што првата пријава нема да биде предмет на разгледување при одлучувањето за постоењето на инвентивниот придонес кај пријавата со подоцнежен датум на поднесување.

Индустриска применливост

Член 30

Пронајдокот ќе се смета за индустриски применлив ако предметот на заштита може да се произведе или употреби во која било гранка на индустријата вклучително и земјоделството.

Субјекти на правото на патент

Член 31

(1) Постапка за признавање на правото на патент може да поведе пронајдувачот и неговиот правен следбеник.
(2) Ако пронајдокот е производ на заедничка работа на повеќе пронајдувачи тогаш правото за поведување на постапка за признавање на право на патент им припаѓа на сите пронајдувачи или на нивните правни следбеници.

Пронајдувач

Член 32

(1) Пронајдувач е физичко лице кое го создало пронајдокот со својот пронајдувачки труд.
(2) Не се смета за пронајдувач оној кој во создавањето на пронајдокот давал

8

само техничка помош.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Правен следбеник на пронајдувачот

Член 33

(1) Правниот следбеник на пронајдувачот е правно или физичко лице чие признавање на правото на патент се темели врз закон, правна работа, наследување и судска одлука.
(2) Работодавецот се смета за правен следбеник на пронајдувачот кога врз основа на закон или договор за работа му припаѓа правото на стекнување патент за пронајдок создаден во рамките на работниот однос на пронајдувачот.

Поведување на постапка

Член 34

(1) Постапката за признавање на патент се поведува со поднесување пријава на патент до Заводот.
(2) Постапка за признавање на патент може да се поведе и со поднесување на пријави во согласност со ДСП и пријави поднесени во согласност со Договорот за проширување.

Единство на пронајдокот

Член 35

(1) За секој пронајдок се поднесува посебна пријава.
(2) Една пријава на патент може да содржи и повеќе пронајдоци кои се така меѓусебно поврзани што остваруваат единствена пронајдувачка замисла.
(3) Содржината на пријавата за пронајдоците кои го исполнуваат условот за единство на пронајдокот се утврдува со пропис кој го донесува директорот на Заводот.

Право на првенство

Член 36

(1) Од денот на приемот на уредна пријава на патент во Заводот, подносителот на пријавата на патент има право на првенство спрема секое друго лице кое за истиот пронајдок подоцна ќе поднесе пријава.
(2) Исклучок од ставот (1) на овој член е кога се исполнети условите за признавање на униско и саемско право на првенството, предвидени со членовите
37 и 38 од овој закон.

Саемско право на првенство

Член 37

(1) Лицето кое на официјално призната изложба или саем од меѓународен карактер во Република Македонија или во некоја земја членка на Париската унија
или на СТО изложи пронајдок, може во рок од 90 дена од денот на затворањето
на изложбата (саемот) со пријава да побара право на првенство од првиот ден на излагањето, односно од денот на употребата.
(2) Кон пријавата од ставот (1) на овој член мора да се поднесе писмена потврда од надлежниот орган на земјата членка на Париската унија или на СТО дека е во
прашање официјално признаена изложба (саем) во смисла на Конвенцијата за меѓународни изложби, со назначување на податоците за видот на изложбата или саемот, местото на нејзиното одржување, денот на отворањето и денот на

9

затворањето, односно за денот на употребата.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Униско право на првенство

Член 38

(1) На правно или физичко лице кое во некоја од земјите членки на Париската унија или на СТО поднело уредна пријава за патент, ќе му се признае право на првенство во Република Македонија од денот на поднесувањето на првата пријава, ако тоа го побара во рок од 12 месеца од денот на поднесувањето на првата пријава.
(2) За уредна пријава од ставот (1) на овој член се смета пријавата чиј датум на поднесување е утврден согласно со националното законодавство на земјата членка на Париската унија или на СТО во која е поднесена или согласно со меѓународните договори склучени меѓу земјите членки на Унијата, без оглед на подоцнежната правна судбина на пријавата.

Обврски на подносителот на пријавата патент со униско првенство

Член 39

Подносителот на пријавата на патент што е со намера да го користи правото на првенство од членот 38 на овој закон, должен е во пријавата поднесена во Република Македонија да ги наведе сите податоци за пријавата на која се повикува и во рок од 90 дена од денот на поднесување на пријавата да приложи документ за приоритетот, заверен од надлежниот орган на земјата членка на Париската унија или на СТО, во која е поднесена првата пријава.

Повеќекратно право на првенство

Член 40

(1) Подносителот на пријавата на патент може во барањето за признавање да се повика на повеќекратно право на првенство врз основа на повеќе претходно поднесени пријави во една или повеќе земји членки на Париската унија или на СТО.
(2) Ако подносителот се повика на повеќекратно право на првенство, роковите според овој закон течат од датумот на признаеното право на првенство, сметајќи
од најраниот датум на повеќекратното право на првенство.

Опфат на побараното право на првенство

Член 41

(1) Барањето за признавање на правото на првенство ги опфаќа само оние елементи од пријавата што се содржани во првата пријава или првите пријави, врз основа на кои подносителот на пријавата се повикува на правото на првенство.
(2) Ако во патентното барање, наведено во првата пријава, не се дадени некои од карактеристиките на пронајдокот за кој е побарано право на првенство, за признавање на правото на првенство е доволно сите други состојки од пријавата детално да ги откриваат тие карактеристики.

Уверение за право на првенство

Член 42

(1) Заводот, на барање на подносителот на пријавата, издава уверение за право на првенство кое се смета од датумот утврден како датум на поднесување на

10

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


пријавата на патент.
(2) Содржината на барањето и на уверението за правото на првенство се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Промени во пријавата на патент

Член 43

Пријавата на патент на која е утврден датумот на поднесување не може дополнително да се менува со проширување на предметот за кој се бара заштита.

Содржина на пријавата на патент

Член 44

Пријавата на патент мора да содржи:
1) барање за признавање на патентот;
2) опис на пронајдокот;
3) едно или повеќе патентни барања;
4) кратка содржина на суштината на пронајдокот (апстракт);
5) нацрт (ако е потребен) на кој се повикува описот и патентното барање;
6) доказ за платена такса за пријавување и
7) превод на македонски јазик доколку пријавата е поднесена на странски јазик. (2) Кон пријавата од ставот (1) на овој член се доставуваат и други состојки и прилози.
(3) Содржината и формата на пријавата и другите состојки и прилози кон пријавата подетално се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на
Заводот.

Содржина на барањето за признавање на патент

Член 45

(1) Барањето за признавање на патент мора да содржи:
- јасна назнака дека се бара признавање на патент;
- назив на пронајдокот кој ја одразува суштината на пронајдокот и
- податоци за подносителот на пријавата и за пронајдувачот.
(2) Писмена изјава дека пронајдувачот не сака да биде наведен во пријавата мора да се поднесе во Заводот во рок од 60 дена од датумот на поднесување на пријавата.

Опис на пронајдокот

Член 46

Описот на пронајдокот треба да биде јасен и прецизен, така што стручњак од определена област ќе може да го примени.

Патентни барања

Член 47

(1) Со патентни барања се определува предметот за кој се бара заштита.
(2) Патентните барања треба да се јасни и во целост содржани во описот на пронајдокот.
(3) Патентните барања можат да бидат независни и зависни.
(4) Независните патентни барања содржат нови, битни карактеристики на пронајдокот.
(5) Зависните патентни барања ги содржат специфичните карактеристики

11

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


определени со независно или некое друго зависно патентно барање.

Апстракт

Член 48

Апстрактот е кратка содржина на пронајдокот со исклучива намена да даде информации за пронајдокот.

Уредна пријава

Член 49

За утврдување на датумот на поднесување на пријавата на патент потребно е пријавата на тој датум да содржи:
1) барање за признавање на патентот;
2) име, односно назив и живеалиште, односно седиште на подносителот на пријавата и
3) опис на пронајдокот и едно или повеќе патентни барања.

Утврдување на датумот на поднесување на пријавата

Член 50

(1) Ако пријавата ја нема содржината предвидена во членот 49 на овој закон, Заводот ќе го извести подносителот дека неговата пријава не е уредна и не може да му биде признаен датумот на поднесувањето.
(2) Заводот ќе го повика подносителот во рок од 60 дена од приемот на повикот да ги отстрани утврдените недостатоци согласно со ставот (1) на овој член.
(3) Ако подносителот ги отстрани недостатоците во предвидениот рок, Заводот ќе го утврди датумот на поднесување на пријавата.
(4) Како датум на поднесување ќе се смета датумот на прием на уредна пријава по која постапил подносителот согласно со известувањето, во смисла на членот
49 од овој закон.
(5) Ако подносителот во предвидениот рок, не ги отстрани недостатоците,
пријавата ќе се отфрли со заклучок.

Регистар на пријави на патенти

Член 51

(1) Пријавата на патент се впишува во регистарот на пријави на патенти.
(2) Содржината и начинот на водење на регистарот на пријави на патенти и на изводот од регистерот се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Поделба на пријавата на патент

Член 52

(1) Подносителот може да го подели предметот на пријавата на патент на која ñ е утврден датумот на поднесување (првобитна пријава), на две или повеќе пријави и врз основа на секоја од нив да се продолжи со посебна постапка.
(2) Поделбата на пријавата на патент е дозволена до донесување на решението за признавање на правото на патент.
(3) Пријавата на патент настаната со поделба на првобитната пријава на патент (разделена пријава), го задржува датумот на поднесувањето на првобитната пријава и првенството од првобитната пријава на патент.

12

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


(4) Содржината и формата на разделената пријава се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Формално испитување на пријавата

Член 53

(1) По уписот на пријавата на патент во Регистарот на пријави на патенти,
Заводот испитува:
1) дали е платена потребната такса;
2) дали е поднесен превод на пријавата на македонски јазик, ако пријавата е составена на странски јазик;
3) дали се поднесени нацртите од членот 44 став (1) точка 5) на овој закон и
4) дали е приложено уредно полномошно, доколку пријавата е поднесена преку застапник.
(2) Ако пријавата на патент не ги содржи состојките од ставот (1) на овој член,
Заводот ќе го повика подносителот на пријавата во рок кој не може да биде подолг од 60 дена, сметајќи од денот на приемот на повикот да ги отстрани утврдените недостатоци.
(3) На образложено барање на подносителот на пријавата, рокот од ставот (2) на овој член, може од оправдани причини да се продолжи најмногу уште за 60 дена. (4) Ако подносителот на пријавата во определениот рок не ги отстрани недостатоците од ставот (2) на овој член, Заводот ќе ја отфрли пријавата со заклучок.
(5) Кога во пријавата се повикува на нацрти кои не се содржани во пријавата, Заводот го повикува подносителот на пријавата да ги достави нацртите во предвидениот рок.
(6) Ако подносителот не постапи по известувањето на Заводот од ставот (5) на овој член, при испитувањето на пријавата ќе се смета дека нацртите не постојат.
(7) Ако подносителот на пријавата во пропишаниот рок ја уреди пријавата ќе се
смета дека пријавата била уредно поднесена.

Барање пријавата да се земе во постапка веднаш

Член 54

(1) Во случај на спор во врска со правото од пријавата, подносителот на пријавата може да бара Заводот да ја земе пријавата во постапка веднаш.
(2) Барање пријавата да се земе во постапка веднаш не може да се поднесе пред истекот на 12 месеца од денот на поднесувањето на пријавата на патент.
(3) Подносителот на пријавата на патент мора во случај на спор од ставот (1) на овој член да достави доказ од потполното испитување, спроведено во еден од
избраните заводи, согласно со овој закон.

Испитување на пријавата

Член 55

При испитување на пријавата на патент се испитува дали пријавата ги исполнува следниве услови:
1) дали е назначен пронајдувачот;
2) дали е побарано признавање на правото на првенство согласно со членовите
37 и 38 од овој закон;
3) дали пријавата е во согласност со правилото на единство на пронајдокот предвидено во членот 35 од овој закон;
4) дали одделните состојки на пријавата се во согласност со членовите 44, 45, 46,
47 и 48 на овој закон и

13

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


5) дали предметот на пријавата е пронајдок, кој на прв поглед може да се заштити со патент во смисла на членот 25 ставови (2) и (3), членот 26, членот 27 став (3) и членот 30 од овој закон.

Недостатоци на пријавата

Член 56

(1) Заводот писмено ќе го извести подносителот на пријавата, ако по испитувањето се утврди дека не се исполнети условите од членот 55 на овој
закон и ќе го повика во рок од 60 дена од приемот на известувањето да ги
отстрани утврдените недостатоци.
(2) Врз основа на образложено барање на подносителот на пријавата, Заводот може да го продолжи рокот од ставот (1) на овој член најмногу за 60 дена.
(3) Заводот донесува заклучок за отфрлање на пријавата на патент, ако подносителот во определениот рок не ги отстрани недостатоците од
известувањето од ставот (1) на овој член.

Плаќање на трошоци и такси

Член 57

(1) Ако Заводот утврди дека се исполнети условите од членот 55 на овој закон, ќе донесе заклучок дека се исполнети условите за признавање на правото на патент и ќе го повика подносителот во рок од 30 дена да ги плати трошоците за објавување на патентот во гласилото на Заводот, трошоците за издавање исправа и таксата за одржување во важност.
(2) Ако подносителот не ги плати трошоците од ставот (1) на овој член, Заводот ќе донесе заклучок со кој ќе ја отфрли пријавата.

Решение за признавање на патент

Член 58

(1) Ако подносителот на пријавата во определениот рок постапи по заклучокот од членот 57 став (1) на овој закон, односно ги плати трошоците и таксите, Заводот ќе донесе решение за признавање на патент за првите десет години на важност и ќе го повика носителот на патентот до истекот на деветтата година да достави доказ за потполно испитување издаден од институции овластени за потполно испитување.
(2) Податоците од решението за признавање на патент се запишуваат во регистарот на патенти на денот на донесувањето и се објавуваат во службеното гласило на Заводот во рок од 90 дена од денот на донесувањето.

Решение за одбивање на пријавата на патент

Член 59

(1) Заводот донесува решение за одбивање на пријавата на патент ако пријавата е поднесена за пронајдок кој не може да се заштити со патент во смисла на членот 25 став (2), членот 26, членот 27 став (3), членот 28 и членот 30 од овој
закон.
(2) Решение за одбивање на пријавата на патент, Заводот не може да донесе ако претходно, по писмен пат, не го запознал подносителот на пријавата за причините поради кои не може да се признае бараното право и ако не го повикал подносителот во примерен рок да се изјасни за тие причини.
(3) Рокот од ставот (2) на овој член може, на образложено барање на подносителот на пријавата, да се продолжи до шест месеца.

14

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Доказ од потполното испитување

Член 60

(1) Носителот на патент или сопственикот на исклучителното право е должен да достави превод на македонски јазик од доказот од потполното испитување спроведено во една од избраните институции најдоцна до истекот на деветтата година од датата на поднесувањето на пријавата во Заводот.
(2) Ако подносителот на пријавата на патент поднел пријава за заштита на идентичен пронајдок и до патентните заводи на други земји, може до Заводот како доказ да го достави преводот на резултатите од потполното испитување или признаениот патент.
(3) Ако носителот на патент или сопственикот на исклучителното право не постапи согласно со ставот (1) на овој член, важноста на патентот престанува најдоцна по денот на истекот на десеттата година на важноста.
(4) Носителот на патент или сопственикот на исклучителното право на патентот,
доказите од ставот (1) на овој член е должен да ги достави и кога трето лице ќе тужи поради повредата на правата на патент.
(5) Кога има случај од ставот (4) на овој член, Заводот ќе издаде по итна постапка решение за признавање на патентот или за делумно признавање или за
одбивање на барањето за признавање на патент.
(6) Содржината на доказот од потполното испитување се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Институции за потполно испитување

Член 61

(1) Потполното испитување на пријавата на патентот од членот 62 се спроведува во една од избраните институции.
(2) Избрани институции од ставот (1) на овој член по правило се државни и меѓудржавни заводи, кои врз основа на ДСП имаат статус на овластени институции за меѓународно пребарување, односно меѓународно претходно испитување на меѓународните пријави на патенти.

Потполно испитување

Член 62

Со потполното испитување се утврдува дали пронајдокот ги исполнува сите услови за признавање на правото на патент, односно дали предметот на пријавата е:
- пронајдок кој може да се заштити со патент согласно со членовите 25 и 26 од овој закон;
- пронајдок кој е опишан на начин што стручњак од областа може да го примени согласно со членот 46 од овој закон;
- пронајдок кој е во согласност со правилото за единство на пронајдокот од
членот 35 на овој закон и
- пронајдок кој е нов согласно со членот 27 ставови (1), (2) и (4) и членот 28 од овој закон, кој има инвентивен придонес согласно со членот 29 на овој закон и кој е индустриски применлив согласно со членот 30 на овој закон.

Дополнително испитување

Член 63

(1) Заводот донесува решение за признавање на патентот врз основа на

15

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


доставените докази од потполното испитување од членот 60 ставови (1) и (2) на овој закон и врз основа на дополнителните испитувања од овој член.
(2) Со дополнителното испитување на пријавата на патентот се утврдува дали се задоволени следниве услови за признавање, односно дали предметот на пријавата е:
1) пронајдок кој не може да се заштити со патент согласно со членот 25 став (2) и членот 26 на овој закон и
2) пронајдок кој е нов во однос на сите пријави на патенти порано поднесени во
Заводот во согласност со членот 27 став (3) на овој закон.
(3) Решението од ставот (1) на овој член Заводот не може да го донесе ако претходно по писмен пат не го запознал носителот на патентот за причините поради кои не може да го признае бараното право во целост или делумно и ако претходно не го повикал во примерен рок да се изјасни за тие причини.
(4) Рокот од ставот (2) на овој член може, на образложено барање на носителот на патентот, да се продолжи до шест месеца.

Решение врз основа на доказ од потполно испитување

Член 64

(1) Врз основа на доставениот доказ, Заводот утврдува во која мерка содржината и обемот на патентното барање за соодветниот пронајдок ги исполнува условите од членовите 27, 29 и 30 на овој закон и ќе издаде едно од следниве решенија:
1) решение дека пронајдокот по бараниот патент ги исполнува сите услови од членовите 27, 29 и 30 на овој закон и дека на тие услови во целост одговара патентното барање или патентните барања;
2) решение дека пронајдокот само делумно ги исполнува условите од членовите
27, 29 и 30 на овој закон и со кое се дава ограничена натамошна важност на патентното барање или патентните барања во обем во кој ги исполнува условите и
3) решение за огласување на ништовност кога пронајдокот од денот на поднесувањето на патентната пријава не ги исполнува условите од членовите 27,
29 и 30 на овој закон.

Регистар на патенти

Член 65

(1) Податоците од решението за право на патент, со датумот на донесување на тоа решение, се запишуваат во регистарот на патенти кој го води Заводот.
(2) Податоците од решението за отфрлање на пријавата и одбивање на барањето
за признавање на патентот се запишуваат во регистарот на пријави на патенти.
(3) Содржината и начинот на водење на регистарот на патенти и на изводот од регистрите се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Впишување на промени во регистрите

Член 66

(1) Во регистарот на пријави на патенти и во регистарот на патенти се впишуваат промените кои се однесуваат на подносителот на пријавата, носителот на правото и на самото право.
(2) Промените кои се впишуваат, содржината и формата на барањето и постапката на впишување на промените се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

16

Објавување

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Член 67

(1) Податоците од решението за патентот се објавуваат во службеното гласило на Заводот, најдоцна во рок од 90 дена од денот на донесувањето на решението за признавање.
(2) Заедно со податоците од решението издадено согласно со членот 58 на овој закон се објавува и апстрактот на пронајдокот.
(3) Кон податоците на решението издадено согласно со членот 64 на овој закон се објавува првото патентно барање и се наведува бројот на другите патентни
барања.
(4) Содржината на податоците на признат патент кои се објавуваат во службеното гласило на Заводот, се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Исправа за патент

Член 68

(1) Заводот на носителот на правото на патент му издава исправа за патент најдоцна во рок од шест месеца од денот на донесување на решението за признавање на правото на патент.
(2) На барање на носителот на патентот, Заводот издава патентен спис.
(3) Содржината на исправата за патент и патентниот спис се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Доверлив патент

Член 69

(1) Пријавите за признавање на патент што се однесуваат на одбраната се сметаат за доверливи и се поднесуваат до министерот за одбрана.
(2) Одредбите на членовите 52, 53, 55, 56 и 57 на овој закон се применуваат и во постапката за признавање на патент за доверлив пронајдок, освен ако со
одредбите на овој закон поинаку не е определено.
(3) Ако министерот за одбрана во постапката на испитување на поднесената пријава утврди дека пронајдокот не е доверлив, пријавата ќе ја достави до Заводот.
(4) Ако Заводот во текот на постапката на испитувањето на пријавата оцени дека се работи за доверлив пронајдок, пријавата ќе му ја отстапи на министерот за
одбрана.
(5) Ако министерот за одбрана утврди дека пронајдокот престанал да биде доверлив, целиот предмет ќе го достави до Заводот.
(6) По приемот на предметот Заводот го запишува патентот во регистарот на патенти и на носителот на патентот му издава патентна исправа и спис и ги објавува податоците во смисла на членот 67 од овој закон.

Користење на доверлив пронајдок

Член 70

(1) Министерството за одбрана има исклучително право да го користи доверливиот пронајдок и да располага со тој пронајдок.
(2) За доверлив пронајдок заштитен со патент, на носителот на правото му припаѓа еднократен надоместок, без оглед на тоа дали пронајдокот се
искористува за потребите на одбраната и во кој обем.
(3) Висината на надоместок од ставот (2) на овој член спогодбено ја утврдуваат

17

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


подносителот на пријавата и министерот за одбрана.
(4) Ако не се постигне спогодба, подносителот на пријавата на патентот може според правилата на вонпроцесната постапка да бара од судот тој да ја утврди висината на надоместокот.

Особености на доверливиот патент

Член 71

(1) Патентот за доверлив пронајдок не се објавува.
(2) Заштита на доверлив пронајдок во странство, домашните правни и физички лица можат да бараат само врз основа на писмено одобрение на министерот за одбрана.
(3) Одредбите од членовите 69 и 70 на овој закон сообразно се применуваат на пријавите на патент за признавање на пронајдоци кои се од интерес за безбедноста на државата.
(4) За решавање по пријавите од ставот (3) на овој член е надлежен министерот за внатрешни работи.
(5) Владата на Република Македонија, со уредба пропишува кои пронајдоци се
сметаат за доверливи во смисла на членовите 69 и 70 од овој закон, како и начинот за признавање на патент за таквите пронајдоци.

Траење на патент

Член 72

(1) Правото на патентот трае 20 години, сметајќи од денот на поднесување на пријавата.
(2) Важноста на правото на патентот од ставот (1) на овој член, може да се продолжи преку 20 години, но не повеќе од пет години, во случај кога предметот
на патентот е медицински производ, производ за заштита на растенија или
постапка за нивно добивање, за кои пред пуштањето во промет е потребно да се изведе со закон пропишана управна постапка за одобрување.

Дополнителен сертификат за заштита

Член 73

(1) Важноста на правото на патент според членот 72 став (2) од овој закон, може да биде продолжена со издавање дополнителен сертификат за заштита.
(2) Постапката за издавање на дополнителниот сертификат за заштита се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Плаќање такси

Член 74

(1) Пред донесувањето решение за признавање на правото на патент, Заводот го повикува носителот на правото да ги плати сите пристигнати такси за одржување во важност на правото на патент од датумот на поднесувањето на пријавата за патент до денот на признавање на правото на патент.
(2) Годишната такса за одржување на правото од пријавата, односно од патентот се уплатува до почетокот на годината за која се уплатува таксата, односно до денот на поднесувањето на пријавата.

18

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Престанок на патентот пред истекот на важноста

Член 75

Правото на патентот престанува да важи пред истекот на рокот на важење и тоа во следниве случаи:
1) ако не се платат пропишаните такси - наредниот ден од истекот на рокот за нивно плаќање;
2) ако носителот се откаже од правото - наредниот ден од денот на поднесувањето на поднесокот за откажување до Заводот;
3) врз основа на судска одлука, односно акт на Заводот во случаите предвидени
со овој закон - со денот определен во таа одлука, односно во актот;
4) ако правното лице кое е носител на правото на патент престанало да работи - со денот на престанувањето, односно ако физичкото лице кое е носител на правото на патент умрело - со денот на смртта, или ако исчезнато лице кое е носител на правото на патент е прогласено за умрено - со денот на правосилноста на решението, освен ако тоа право поминало врз правните следбеници на правното лице, односно врз наследниците на физичкото лице и
5) ако носителот на правото на патент или сопственикот на исклучителното право на патент не постапи согласно со членот 58 став (1) и членот 60 од овој закон,
важноста на патентот престанува најдоцна со истекот на десеттата година на важноста.

Права на трети лица

Член 76

(1) Ако во регистарот на патенти е запишана лиценца, залог или некое друго право во корист на трето лице, носителот на патент не може да се откаже од своите права без писмена согласност од лицето на чие име е запишана лиценцата, залогот или друго право.
(2) Ако носителот на патент во определениот рок не ја плати пропишаната такса, а во регистарот е запишана лиценца, залог или некое друго право во корист на трето лице, Заводот ќе го извести тоа лице дека таксата не е платена и дека може да ја плати во рок од шест месеца од денот на известувањето и со тоа да го задржи запишаното право.
(3) Во случај на спор за обезбедување на запишаните права на трето лице, судот може, ако тоа е неопходно за обезбедувањето на тие права, да одлучи правото на патент да се пренесе врз лицето на чие име е запишана лиценцата, залогот или друго право, до обезбедување на побарувањата.

Материјални права

(1) Носителот на патентот има:

Член 77

1) исклучително право да го користи во производство заштитениот пронајдок;
2) исклучително право да пушти во промет предмети изработени според заштитениот пронајдок;
3) право да располага со патентот и
4) право да забрани користење на заштитениот пронајдок во производство или во прометот на трети лица кои за тоа користење немаат негова дозвола.
(2) Правото од ставот (1) на овој член се однесува на патент за постапка и на производот добиен директно од таа постапка.

19

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Слободно користење

Член 78

Правото на носителот на патентот од членот 77 на овој закон за исклучително искористување на пронајдокот не се однесува на:
1) искористување на пронајдокот во лични и некомерцијални цели;
2) преземање на активности за истражување и развој на предметот на заштитениот пронајдок, а особено: изработка, употреба, нудење на продажба, извоз или увоз на заштитениот пронајдок кога тие активности разумно се поврзани со испитувања и тестови потребни за регистрација на лекови за хумана и ветеринарна медицина, медицински и ветеринарни производи или средства за заштита на растенијата и
3) непосредна и поединечна подготовка на лекот во аптека врз основа на единечен лекарски рецепт и на постапки кои се однесуваат на така подготвениот
лек.

Патент за постапка

Член 79

(1) Ако патентот е издаден за постапка, неговото дејство се простира и врз производите и материите непосредно добиени со таа постапка.
(2) Во недостаток на спротивни докази ќе се смета дека производот е добиен со заштитена постапка и тоа ако производот е нов или ако постои основано сомневање дека производот е добиен со заштитената постапка и дека носителот на патент не бил во состојба и покрај разумно вложениот труд да ја утврди постапката која е навистина користена.
(3) Постои основано сомнение дека производот е добиен со заштитената постапка, доколку заштитената постапка е единствената позната постапка.
(4) Товарот на докажување од ставот (1) ќе падне врз наводниот прекршител само доколку е исполнет еден од условите од ставот (2) на овој член.

Обем на исклучително право

Член 80

Обемот на исклучителните права на носителот на патент е определен со текстот на патентните барања кои се конечно прифатени во постапката за признавање на патент, при што описот и цртежите служат за толкување на патентните барања.

Право врз основа на претходно користење

Член 81

(1) Правото на патентот не дејствува врз лицето кое пред датумот на поднесувањето на пријавата за патент или пред датумот на признаеното право на првенство пронајдокот совесно и не јавно го користело во Република Македонија, или подготвило се што е потребно за негово користење.
(2) Лицето од ставот (1) на овој член има право, без одобрение од носителот на патентот, да продолжи со искористувањето на пронајдокот во обем во кој го искористувало или подготвувало до датумот на поднесувањето на пријавата на патент за бараниот пронајдок.

Исклучок од повреда на правото на патент

Член 82

Не се смета за повреда на исклучивите права на носителот на патент доколку

20

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


предметот на пронајдокот се однесува на производите изработени според патентот употребени во конструкција или опрема за бродови, авиони или копнени возила кои припаѓаат на некоја од земјите на Париската унија или на СТО кога тоа превозно средство привремено или случајно ќе се најде на територијата на Република Македонија, под услов вградениот производ да служи исклучиво за потребите на тоа превозно средство.

Присилна лиценца

Член 83

(1) Ако носителот на патентот не го користи пронајдокот заштитен со патент или го користи во обем недоволен за задоволување на потребите на македонскиот пазар и одбива да склучи договор за лиценца или поставува непазарни услови за склучување на тој договор, правото на користење на пронајдокот може да му се даде на друго лице, со обврска за плаќање на надоместок на носителот на патентот.
(2) Присилна лиценца нема да се даде ако носителот на патентот докаже дека постојат законски пречки кои го оправдуваат некористењето на пронајдокот заштитен со патент.

Барање за присилна лиценца

Член 84

(1) Барање за давање присилна лиценца не може да се поднесе пред истекот на рокот од четири години од денот на поднесувањето на пријавата на патент, односно пред истекот на рокот од три години од денот на признавањето на патент, ако овој рок истекува подоцна.
(2) Ако ползата од заштитениот пронајдок е од јавен интерес, како на пример:
здравство, одбрана, заштита, унапредување на човековата околина или е од особен интерес за одделна гранка на стопанството, присилната лиценца може да се додели и пред истекот на рокот од ставот (1) на овој член.

Кога се поднесува барање за присилна лиценца

Член 85

По барањето за давање присилна лиценца решава судот во парнична постапка, врз основа на претходно прибавено мислење од орган на државната управа надлежен за работите од областа за која се однесува лиценцата.

Надоместок

Член 86

(1) Во случај на давање присилна лиценца, носителот на патентот има право на соодветен надоместок.
(2) Висината на надоместокот ја утврдуваат спогодбено носителот на патентот и корисникот на кој му е дадена лиценцата, односно кој го користи пронајдокот
заштитен со патент.
(3) Ако не се постигне спогодба, надлежниот суд ја утврдува висината на тој надоместок.
(4) Непостоењето спогодба од ставот (3) на овој член, односно решение на судот,
не го спречува корисникот на кој му е дадена лиценцата да го користи тој пронајдок.

21

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Траење на присилната лиценца

Член 87

(1) Присилната лиценца не може да биде исклучителна.
(2) Траењето на присилната лиценца е врзано исклучително со траењето на причината поради која е издадена.
(3) Присилната лиценца не може да се пренесува.

Присилна лиценца на зависен патент

Член 88

(1) Присилна лиценца може да се даде и ако пронајдокот заштитен со патент не може да се користи во целина или делумно без користење на некој пронајдок заштитен со поранешен патент, а подоцнежниот пронајдок, кој претставува позначаен технички напредок, е од особено значење за стопанството или за задоволување на општите потреби.
(2) Ако присилната лиценца се дава според одредбата од ставот (1) на овој член, носителот на поранешниот патент може да бара присилна лиценца за користење на пронајдокот по подоцнежниот патент за соодветен надомест.

Пријави кои се поднесуваат преку Заводот како приемен завод согласно со ДСП

Член 89

(1) На пријавите кои меѓународно се поднесуваат преку Заводот како приемен завод се применуваат одредбите од ДСП и одредбите од овој закон.
(2) Пријавите од ставот (1) на овој член се поднесуваат на англиски јазик.
(3) Содржината на пријавата и формата на барањето за пријавите од ставот (1)
на овој член се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Пријави во кои Заводот е избран или назначен завод согласно со ДСП

Член 90

(1) На пријавите кои се поднесуваат до Заводот како избран или назначен завод се применуваат одредбите од ДСП и одредбите од овој закон.
(2) Содржината на пријавата и формата на барањето за пријавите од ставот (1)
на овој член се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Пријави кои се поднесуваат согласно со

Договорот за проширување

Член 91

(1) На пријавите кои се поднесуваат согласно со Договорот за проширување се применуваат одредбите од Договорот за проширување и одредбите од овој закон. (2) Содржината на пријавата и формата на барањето за пријавите од ставот (1) на овој член се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

22

ВТОР ДЕЛ

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН Предмет на заштита

Член 92

(1) Со право на индустриски дизајн се штити нова форма на тело, слика, цртеж, контура, композиција на бои, текстура или нивна комбинација, што може да се пренесе на определен индустриски или занаетчиски производ, или на негов дел, колку што е потребно да ги задоволи условите на новост и особеност.
(2) За потребите на овој закон, за нова форма на тело, слика, цртеж, контура,
композиција на бои, текстура или нивна комбинација, што може да се пренесе на определен индустриски или занаетчиски производ, или на негов дел, колку што е потребно да ги задоволи условите на новост и особеност, во натамошниот текст ќе се употребува зборот - дизајн.

Производ и делови на производ

Член 93

(1) Производот од членот 92 став (1) на овој закон, е кој било индустриски или занаетчиски изработен предмет, вклучително и делови кои се наменети да формираат сложен производ.
(2) Производот е сложен, во смисла на овој закон, кога е составен од различни физички делови соединети во една физичка целина, како и од повеќе самостојни
делови кои ја сочинуваат таа целина.
(3) Дизајнот пренесен на производ, што е наменет да се вклопи во сложен производ, може да се штити како индустриски дизајн ако вградениот дел за кој се бара заштита останува видлив при нормална употреба на сложениот производ и кога видливиот дизајн на вградениот дел, самостојно ги задоволува барањата за новост и особеност.
(4) Нормална употреба, во смисла на ставот (3) од овој член, значи наменска употреба од страна на корисникот и не ги вклучува одржувањето и поправката на производот.

Новост на дизајнот

Член 94

(1) Дизајнот е нов, во смисла на овој закон, ако суштествено се разликува од оној што порано е пријавен и од оној што пред поднесувањето на пријавата и бил достапен на јавноста, освен ако пријавата е повлечена пред објавувањето на решението со кое се признава правото на индустриски дизајн.
(2) Дизајнот се смета дека и станал достапен на јавноста, ако е објавен како
пријава или како признаено право на индустриски дизајн, ако е изложен или користен на пазарот или кога во вообичени услови на деловно работење станал познат во соодветни стручни кругови специјализирани за дадената област.
(3) При оценувањето дали пријавениот дизајн е нов не влијае фактот што тој и станал достапен на јавноста во период најмногу шест месеца пред денот на поднесувањето на пријавата без согласност на подносителот на пријавата.

Особеност

Член 95

(1) Дизајните се идентични кога нивните карактеристики се разликуваат само во

23

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


небитни детали.
(2) Дизајнот е особен ако на прв поглед стручно лице може да ја забележи разликата од дизајните што ñ станале достапни на јавноста.
(3) Дизајнот нема да се смета за особен единствено заради фактот што неговата примена се однесува на други индустриски и занаетчиски производи, односно нивни делови.

Апсолутни причини за одбивање

Член 96

(1) Со право на индустриски дизајн не може да се заштити дизајн кој: 1) е спротивен на закон или на моралот;
2) претставува технички план или скица;
3) претставува исклучиво картографско или фотографско дело;
4) содржи државен или друг јавен грб, знаме или амблем, назив или кратенка на називот на некоја земја или меѓународна организација, освен со дозвола од надлежниот орган на односната земја или организацијата и
5) содржи или имитира лик на знаменита личност, освен со одобрение на таа личност, а доколку се однесува за лик на умрена знаменита личност, со дозвола од органот на државната управа надлежен за работите на општата управа.
(2) Надлежен орган за давање на дозволата од ставот (1) точки 4) и 5) на овој член за Република Македонија е Министерството за правда.

Релативни причини за одбивање

Член 97

(1) Со право на индустриски дизајн не може да се заштити дизајн:
1) кој не е нов во смисла на членот 94 од овој закон;
2) кој не е особен во смисла на членот 95 од овој закон;
3) кој исклучиво е одреден од видот на производот или од производот во кој се вградува, односно од техничките и функционалните карактеристики потребни за постигнување одредени технички резултати или при нормално функционирање на кој било од тие производи и
4) со кој се повредуваат претходно стекнатите права на носителот.
(2) Причини за исклучување од заштитата на правото на индустрискиот дизајн согласно со ставот (1) точка 4) од овој член, може да побара само подносителот на порано поднесена пријава или носителот на порано стекнатото право.

Подносител на пријавата

Член 98

(1) Постапка за стекнување на правото на индустриски дизајн, може да поведе авторот или неговиот правен следбеник.
(2) Ако дизајнот е креација на повеќе автори тогаш правото на поведување на постапка од ставот (1) на овој член го имаат сите автори или нивните правни
следбеници.

Автор

Член 99

(1) Автор е физичко лице кое го создало дизајнот со својот креативен труд.
(2) Не се смета за автор оној кој во создавањето на дизајнот давал само техничка помош.

24

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Правен следбеник

Член 100

(1) Правен следбеник на авторот е правно или физичко лице чие стекнување на правото на индустриски дизајн се темели врз закон, правна работа, наследување и судска одлука.
(2) Работодавецот се смета за правен следбеник на авторот кога врз основа на закон, или договор за работа му припаѓа правото на стекнување на индустрискиот дизајн создаден во рамките на работниот однос на авторот.

Поведување постапка

Член 101

(1) Постапката за признавање на правото на индустриски дизајн се поведува со поднесување пријава за индустриски дизајн до Заводот.
(2) Постапката за признавање на правото на индустриски дизајн може да се поведе и со поднесување пријава согласно со Хашкиот договор.
(3) Постапката за меѓународно регистрирање на индустриски дизајн, согласно со одредбите од Хашкиот договор, се поведува со поднесување пријава за меѓународно регистрирање на индустриски дизајн директно до Меѓународното биро на Светската организација за интелектуална сопственост.

Единственост на дизајнот

Член 102

(1) За секој дизајн за кој се бара заштита се поднесува одделна пријава.
(2) Со една пријава за признавање на право на индустриски дизајн, може да се бара заштита на повеќе дизајни на производи (повеќекратна пријава).
(3) Ако е поднесена повеќекратна пријава, сите дизајни од пријавата мора да се
наменети за да се применуваат на производи класифицирани во иста класа според Локарнската класификација.
(4) Повеќекратната пријава може да содржи најмногу сто дизајни.

Право на првенство

Член 103

(1) Од денот на приемот на уредна пријава на индустриски дизајн во Заводот, подносителот на пријавата на индустриски дизајн има право на првенство спрема секое друго лице кое за истиот дизајн ќе поднесе пријава.
(2) Исклучок од ставот (1) на овој член е кога се исполнети условите за поднесување пријава за индустриски дизајн предвидени во членовите 104 и 105 на овој закон.

Саемско право на првенство

Член 104

(1) Лицето кое на официјално признаена изложба или саем од меѓународен карактер во Република Македонија или во друга земја членка на Париската унија или на СТО изложи дизајн, може во рок од три месеца од денот на затворањето на изложбата (саемот) со пријава да побара право на првенство од првиот ден на излагањето, односно од денот на употребата.
(2) Кон пријавата од ставот (1) на овој член мора да се поднесе писмена потврда од надлежниот орган на земјата членка на Париската унија или на СТО дека е во прашање официјално признаена изложба (саем) во смисла на Конвенцијата за

25

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


меѓународни изложби со назначување на податоците за видот на изложбата или саемот, местото на нејзиното одржување, денот на отворањето и денот на затворањето, односно за денот на употребата.

Униско право на првенство

Член 105

(1) На правно или физичко лице кое во некоја од земјите членки на Париската унија или на СТО, поднело уредна пријава за индустриски дизајн, ќе му се
признае право на првенство во Република Македонија од денот на поднесувањето
на првата пријава ако тоа го побара во рок од шест месеца од денот на поднесувањето на првата пријава.
(2) За уредна пријава од ставот (1) на овој член се смета пријавата чиј датум на поднесување е утврден согласно со националното законодавство на земјата членка на Париската унија или на СТО во која е поднесена или во согласност со меѓународните договори склучени меѓу земјите членки на Унијата, без оглед на подоцнежната правна судбина на пријавата.

Обврски на подносителот на пријавата со униско првенство

Член 106

Подносителот на пријавата на индустриски дизајн што е со намера да го користи правото на првенство од членот 105 на овој закон, е должен во пријавата поднесена во Република Македонија да ги наведе сите податоци за пријавата на
која се повикува и во рок од три месеца од денот на поднесувањето на барањето за признавање на правото на првенство да приложи препис на првата пријава, заверена од надлежниот орган на земјата членка на Париската унија или на СТО во која е поднесена првата пријава.

Повеќекратно право на првенство

Член 107

(1) Подносителот на пријавата на индустриски дизајн може да се повика на повеќекратно право на првенство врз основа на повеќе претходно поднесени пријави во една или повеќе земји членки на Париската унија или на СТО.
(2) Ако подносителот на пријавата се повикува на повеќекратно право на првенство, роковите кои според овој закон почнуваат да течат од датумот на признаеното право на првенство, се сметаат од најраниот датум на повеќекратното право на првенство.

Уверение за право на првенство

Член 108

(1) Заводот на барање на подносителот на пријавата издава уверение за право на првенство кое се смета од датумот утврден како датум на поднесување на пријавата на индустриски дизајн.
(2) Содржината на барањето и содржината на уверението за правото на првенство се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Содржина на пријавата на индустриски дизајн

Член 109

(1) Пријавата на индустриски дизајн мора да содржи:
1) барање за признавање на правото на индустриски дизајн;

26

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


2) податоци за подносителот на пријавата;
3) приказ на дизајнот за кој се бара заштита и
4) опис на дизајнот, доколку е неопходен за утврдување на новоста.
(2) Кон пријавата од ставот (1) на овој член се доставуваат и други состојки и прилози.
(3) Ако е поднесено барање за одложување на објавувањето на пријавата за дводимензионалниот индустриски дизајн во смисла на членот 118 став (2) од овој закон, кон барањето можат да бидат приложени и примероци на предметот на кој дизајнот е применет наместо прикази на дизајнот.
(4) Содржината и формата на пријавата и другите состојки и прилози кон пријавата, подетално се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Датумот на поднесување на пријавата

Член 110

(1) Ако пријавата ја нема содржината предвидена во членот 109 став (1) на овој закон, Заводот ќе го извести подносителот дека неговата пријава не е уредна и не може да му биде признаен датумот на поднесувањето.
(2) Ако за пријавата на индустриски дизајн не може да се признае датумот на поднесувањето, Заводот ќе го повика подносителот во рок од 60 дена од приемот на повикот да ги отстрани утврдените недостатоци согласно со членот 109 став (1) од овој закон.
(3) Ако подносителот ги отстрани недостатоците во предвидениот рок, Заводот ќе го утврди датумот на поднесување на пријавата.
(4) Како датум на поднесување ќе се смета датумот на прием на уредна пријава по која постапил подносителот согласно со известувањето, во смисла на членот
109 став (1) од овој закон.
(5) Ако подносителот во предвидениот рок не ги отстрани недостатоците,
пријавата со заклучок ќе се отфрли.

Регистар на пријави на индустриски дизајн

Член 111

(1) Пријавата на индустриски дизајн се впишува во Регистарот на пријави на индустриски дизајни.
(2) Содржината и начинот на водење на Регистарот на пријавите на индустриски дизајн и изводот од регистарот се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Поделба на пријавата на индустриски дизајн

Член 112

(1) Повеќекратната пријава на индустриски дизајн може, на барање на подносителот на пријавата, во текот на постапката за признавање на правото на индустрискиот дизајн, да се подели во две или повеќе пријави.
(2) Поделбата на пријавата на индустриски дизајн е дозволена до донесувањето на решението за признавање на правото на индустриски дизајн.
(3) Пријавата на индустриски дизајн настаната со поделба на првобитната пријава на индустриски дизајн (разделена пријава) го задржува датумот на поднесување на првобитната пријава и првенството од првобитната пријава на индустриски дизајн.
(4) Содржината на барањето за поделба на пријавата на индустриски дизајн се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

27

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Барање пријавата да се земе во постапка веднаш

Член 113

Во случај на спор во врска со повреда на правото од пријавата, подносителот на пријавата може да бара Заводот да ја земе пријавата во постапка веднаш.

Уредна пријава

Член 114

(1) По уписот на пријавата на индустриски дизајн во Регистарот на пријави на индустриски дизајн, Заводот испитува:
1) дали е платена потребната такса;
2) дали е поднесен превод на пријавата на македонски јазик, ако пријавата е составена на странски јазик;
3) дали се содржани состојките и прилозите од членот 109 на овој закон и
4) дали е приложено уредно полномошно, доколку пријавата е поднесена преку застапник.
(2) Ако пријавата на индустриски дизајн не ги исполнува условите од ставот (1)
на овој член, Заводот ќе го повика подносителот на пријавата во рок кој не може да биде подолг од 60 дена, сметајќи од денот на приемот на повикот, да ги отстрани утврдените недостатоци.
(3) На образложено барање на подносителот на пријавата, рокот од ставот (2) на овој член може од оправдани причини да се продолжи најмногу уште за 60 дена. (4) Ако подносителот на пријавата во определениот рок не ги отстрани недостатоците од ставот (2) на овој член, Заводот пријавата со заклучок ќе ја отфрли.
(5) Кога во пријавата се повикува на прилози кои не се содржани во пријавата, Заводот го повикува подносителот на пријавата да ги достави во предвидениот рок. Доколку подносителот не постапи по известувањето на Заводот, при испитувањето на пријавата ќе се смета како тие да не постојат.
(6) Ако подносителот на пријавата во пропишаниот рок ја уреди пријавата, ќе се смета дека пријавата била уредно поднесена.

Испитување на условите за признавање на правото

Член 115

Ако пријавата е уредна во смисла на членот 114 став (1) од овој закон, Заводот испитува дали се исполнети условите за признавање на правото на индустриски дизајн.

Решение за одбивање на пријавата

Член 116

(1) Ако пријавениот индустриски дизајн не може да се признае поради некои од причините наведени во членот 96 на овој закон, Заводот донесува решение за
целосно или делумно одбивање на пријавата.
(2) Заводот не може да донесе решение за одбивање на пријавата на индустриски дизајн ако претходно, по писмен пат, не го запознал подносителот на пријавата за причините поради кои не може да се признае бараното право, односно не може да го признае правото во бараниот обем и ако не го повикал подносителот на пријавата во примерен рок да се изјасни за тие причини.
(3) Рокот од ставот (2) на овој член може, на образложено барање од подносителот на пријавата, да се продолжи до шест месеца.

28

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


(4) Подносителот на пријавата при изјаснувањето не може дополнително да го менува дизајнот.

Плаќање трошоци

Член 117

(1) Ако пријавата на индустриски дизајн ги исполнува условите во смисла на членот 114 став (1) од овој закон и ако дизајнот не е исклучен од заштита, во смисла на членот 96 од овој закон, Заводот со заклучок ќе го повика подносителот на пријавата, во рок од 30 дена, да ги плати трошоците за објавување на податоците од пријавата во службеното гласило на Заводот.
(2) Ако подносителот не ги плати трошоците од ставот (1) на овој член, Заводот ќе донесе заклучок со кој ќе ја отфрли пријавата.

Објавување на пријавата на индустриски дизајн

Член 118

(1) Ако подносителот постапи согласно со членот 117 став (1) на овој закон, Заводот најдоцна во рок од 90 дена ќе ја објави содржината на пријавата во службеното гласило на Заводот.
(2) Објавата назначена во ставот (1) од овој член, на барање на подносителот на пријавата, може да биде одложена за период кој не може да биде подолг од 12
месеца сметајќи од датумот на поднесување на пријавата, односно од датумот на правото на првенство.
(3) Податоците од пријавата кои се објавуваат во службеното гласило на Заводот се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Приговор

Член 119

(1) Приговор на објавената пријава за индустриски дизајн, во рок од 90 дена,
сметајќи од денот на објавувањето на пријавата, до Заводот може да поднесе:
1) подносител на порано пријавен индустриски дизајн и носител на порано признато право на индустриски дизајн;
2) носител на поранешното право на индустриска сопственост, ако предметот на тоа право е ист со објавениот индустриски дизајн, или објавениот индустриски
дизајн е сличен на него;
3) секое лице кое има авторско право на дело кое е исто со објавениот индустриски дизајн или објавениот индустриски дизајн е сличен на него и
4) секое заинтересирано лице кое смета дека објавениот индустриски дизајн не ги исполнува барањата за новост и особеност или исклучиво е условен од
функционалните карактеристики на производот во смисла на членот 97 став (1)
од овој закон.
(2) Рокот за поднесување на приговорот пропишан во ставот (1) од овој член не може да се продолжи.
(3) За секоја објавена пријава на индустриски дизајн се поднесува посебен приговор.
(4) Содржината на приговорот и условите за поднесување приговор се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Испитување на приговор

Член 120

(1) Заводот проверува дали приговорот е поднесен од лице кое има право на

29

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


поднесување на приговор во смисла на членот 119 став (1) на овој закон и дали приговорот е поднесен во пропишаниот рок.
(2) Ако не се исполнети условите од ставот (1) на овој член, Заводот донесува заклучок за отфрлање на приговорот.
(3) Ако се исполнети условите од ставот (1) на овој член, Заводот го известува подносителот на пријавата на индустриски дизајн за причините наведени во приговорот и го повикува во определен рок кој не може да биде подолг од 60
дена да се изјасни за наведените причини.
(4) Ако подносителот на пријавата во предвидениот рок од ставот (3) на овој член не се изјасни за причините наведени во приговорот, Заводот ќе одлучи врз основа на наводите во приговорот.

Одлучување по приговорот

Член 121

(1) Ако подносителот на пријавата на индустриски дизајн се изјасни за причините наведени во приговорот и достави одговор по приговорот, Заводот ја испитува оправданоста на приговорот, земајќи ги предвид причините по приговорот и одговорот по приговорот.
(2) Ако Заводот утврди дека приговорот е неоснован, приговорот со решение се одбива.
(3) Решението од ставот (2) на овој член се доставува до подносителот на пријавата и до подносителот на приговорот.
(4) Ако Заводот во постапката на испитување на приговорот утврди дека
приговорот е основан, ја одбива пријавата на индустриски дизајн и за тоа му доставува решение на подносителот на пријавата и на подносителот на приговорот.

Донесување на одлука и упис во Регистарот на индустриски дизајн

Член 122

(1) Ако причините предвидени во членот 96 и членот 97 став (1) на овој закон не претставуваат пречка за признавање на правото, Заводот ќе донесе заклучок дека се исполнети условите за признавање на правото на индустриски дизајн и ќе го повика подносителот во рок од 30 дена да ја плати таксата за одржување во првиот петгодишен период на важењето на индустрискиот дизајн, трошоците за објавување на индустрискиот дизајн во гласилото на Заводот и трошоците за издавање исправа за индустриски дизајн.
(2) Ако подносителот на пријавата во определениот рок ги плати таксите и трошоците од ставот (1) на овој член, Заводот ќе донесе решение за признавање
на правото на индустриски дизајн и признаеното право ќе го запише во
Регистарот за индустриски дизајн.
(3) Ако подносителот на пријавата во предвидениот рок не ги плати пропишаните такси и трошоци од ставот (1) на овој член, Заводот ќе донесе заклучок со кој ќе ја отфрли пријавата.
(4) Содржината и начинот на водење на Регистарот на индустриски дизајн и изводот од регистарот се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Впишување промени во регистрите

Член 123

(1) Во Регистарот на пријави на индустриски дизајн и во Регистарот на индустриски дизајни се впишуваат промени кои се однесуваат на подносителот на

30

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


пријавата, носителот на правото и на самото право.
(2) Промените кои се впишуваат, содржината и формата на барањето и постапката за впишување на промените се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Обем на заштита

Член 124

Со решението од членот 122 на овој закон се определува обемот на признаената заштита за индустрискиот дизајн, прикажан со усвоениот опис и на приказот.

Стекнување на право на индустриски дизајн

Член 125

(1) Правото на индустриски дизајн се стекнува со денот на донесувањето на решението за признавање на правото и со упис на индустрискиот дизајн во регистарот.
(2) Датумот за упис на индустрискиот дизајн во регистар е ист со датумот на донесување на решението за признавање на индустрискиот дизајн.

Објавување на индустрискиот дизајн

Член 126

(1) Податоците за индустрискиот дизајн се објавуваат во службеното гласило на Заводот најдоцна во рок од 90 дена од датумот на запишување на индустрискиот дизајн во регистарот за дизајни.
(2) Податоците кои се објавуваат во службеното гласило на Заводот, се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Исправа за индустриски дизајн

Член 127

(1) На носителот на индустрискиот дизајн, Заводот му издава исправа најдоцна во рок од шест месеца од датумот на донесувањето на решението за признавање на правото на индустрискиот дизајн.
(2) Содржината на исправата за индустриски дизајн се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Морални права на авторот на индустрискиот дизајн

Член 128

(1) Авторот, независно од тоа дали е подносител на пријавата или носител на правото, секогаш има право да биде наведен како автор на индустрискиот дизајн во сите документи и јавни објавувања.
(2) Преносот или откажувањето од правото од ставот 1 на овој член се смета за ништовно.
(3) Ако повеќе автори учествувале во креацијата на индустрискиот дизајн, сите автори имаат еднакви права независно од придонесот во изработката на индустрискиот дизајн, така што сите мораат да бидат наведени.

Материјални права

Член 129

(1) Носителот на правото на индустрискиот дизајн има исклучиво право да го

31

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


користи индустрискиот дизајн на производи и да пушта во промет производи кои го содржат заштитениот индустриски дизајн.
(2) Ако трето лице го користи индустрискиот дизајн без согласност од носителот на правото на индустрискиот дизајн, носителот има право тоа да го забрани.
(3) Трето лице не може без согласност на носителот на индустрискиот дизајн да изработува, нуди, става во промет, увезува, извезува или користи производ кој содржи, или го имитира заштитениот индустриски дизајн, ниту да складира таков
производ за наведените цели.
(4) Носителот на правото на индустрискиот дизајн има право да бара податоци за потеклото на производот и транспортниот пат на производот или документација за тој производ од секое лице кое неовластено користи или има намера неовластено да го стави во промет производот кој го содржи или го имитира заштитениот индустриски дизајн.

Слободно користење

Член 130

Исклучивите права од индустрискиот дизајн од членот 129 на овој закон, не влијаат на употребата на производот кој содржи или на кој е применет
заштитениот индустриски дизајн:
1) во приватни и нетрговски цели;
2) за цели на известување на јавноста или за цели на образованието, ако е тоа во согласност со добрите деловни обичаи и не им нанесува штета на интересите на носителот на правото и авторот и
3) за експериментални и научни цели.

Исклучок од повреда на правото на индустриски дизајн

Член 131

Не се смета за повреда на исклучивите права на носителот на индустриски дизајн доколку производи изработени според индустрискиот дизајн се употребени во конструкција или опрема за бродови, авиони или копнени возила кои припаѓаат на некоја од земјите на Париската унија или на СТО кога тоа превозно средство привремено или случајно ќе се најде на територијата на Република Македонија, под услов вградениот производ да служи исклучиво за потребите на тоа превозно средство.

Право врз основа на претходно користење

Член 132

(1) Носителот на правото не може да се повика на исклучиви права спрема трето лице кое го користело истиот дизајн на производот или ги извршило сите подготовки за користење на истиот дизајн на производот пред денот на поднесувањето на пријавата во Заводот или пред стекнатото право на првенство, ако е побарано, под услов третото лице да го изработило производот без знаење за постоење на индустриски дизајн кој во тоа време не и бил достапен на јавноста.
(2) Трето лице не може да го користи дизајнот од ставот (1) на овој член на начин кој ги преминува границите на редовни производствени дејности.

Трпење на употреба

Член 133

(1) Носителот на порано признаениот индустриски дизајн нема да има право да

32

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


бара поништување на подоцна признаениот индустриски дизајн, врз основа на своето право на првенство, ниту да забрани употреба на подоцна признаениот ист или сличен индустриски дизајн, ако за време од пет години свесно ја трпел таа употреба, освен ако подоцна признаениот индустриски дизајн е заштитен со злоупотреба.
(2) Носителот на подоцна признаениот индустриски дизајн нема право да му забрани употреба на носителот на претходно признаениот индустриски дизајн.

Важење и одржување на правото на индустриски дизајн

Член 134

(1) Индустрискиот дизајн важи пет години, сметајќи од денот на поднесувањето на уредна пријава за индустриски дизајн.
(2) Важењето на правото на индустрискиот дизајн може да се продолжи и тоа за период од по пет години, но не подолго од 25 години, под услов носителот на
индустрискиот дизајн во текот на последната година на важењето на заштитата
или најдоцна по шест месеца од истекот на тој период до Заводот да поднесе барање за продолжување на важењето на индустрискиот дизајн и да ги уплати потребните такси и трошоци за постапката на одржување.
(3) Новиот период на заштита започнува со истекот на последниот ден на претходниот период на заштита.
(4) Содржината и формата на барањето за продолжување на важењето на индустрискиот дизајн се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Престанок на важење на правото на индустриски дизајн

Член 135

(1) Правото на индустриски дизајн престанува да важи:
1) ако истече рокот на важење на индустрискиот дизајн согласно со членот 134
на овој закон;
2) врз основа на писмена изјава на носителот на правото со која се одрекува од правото на индустрискиот дизајн и тоа наредниот ден од денот на поднесувањето до Заводот и
3) ако правното лице кое е носител на правото на индустриски дизајн престанало да работи - со денот на престанувањето, односно ако физичкото лице кое е носител на правото на индустриски дизајн умрело - со денот на смртта или ако исчезнато лице кое е носител на правото на индустриски дизајн е прогласено за умрено - со денот на правосилноста на решението, освен ако тоа право поминало врз правните следбеници на правното лице, односно врз наследниците на физичкото лице.
(2) Престанувањето на траењето на правото на индустрискиот дизајн се запишува во Регистарот за индустриски дизајни.

Права на трети лица

Член 136

(1) Ако во Регистарот на индустриски дизајни е запишана лиценца, залог или некое друго право во корист на трето лице, носителот на индустриски дизајн, не може да се откаже од своите права без писмена согласност од лицето на чие име е запишана лиценцата, залогот или друго право.
(2) Ако носителот на индустриски дизајн во определениот рок не ја плати пропишаната такса, а во Регистарот е запишана лиценца, залог или некое друго право во корист на трето лице, Заводот ќе го извести тоа лице дека таксата не е

33

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


платена и дека може да ја плати во рок од шест месеца од денот на известувањето и со тоа да го задржи запишаното право.
(3) Во случај на спор за обезбедување на запишаните права на трето лице судот може, ако тоа е неопходно за обезбедувањето на тие права, да одлучи правото на индустриски дизајн да се пренесе врз лицето на чие име е запишана лиценцата, залогот или друго право, до обезбедување на побарувањата.

ТРЕТ ДЕЛ ТРГОВСКА МАРКА Предмет на заштитата

Член 137

(1) Со трговска марка се штити знак кој може графички да се прикаже и кој е подобен за разликување на стоките или услугите на еден учесник во прометот од стоките или услугите на друг учесник во прометот.
(2) Со трговска марка се штитат знаци подобни за разликување како што се: зборови, букви, бројки, слики, цртежи, комбинации на бои, тродимензионални форми, вклучително и форми на стоките или нивните пакувања, како и комбинациите на сите напред наведени знаци.
(3) Зборовите и буквите од ставот (2) на овој член можат да се напишат на кој било јазик и со кое било писмо.

Дистинктивност

Член 138

(1) Знакот е подобен за разликување доколку на стоките или услугите во споредба со истовидни или слични стоки или услуги им дава посебен, дистинктивен карактер.
(2) При оценувањето дали некој знак е подобен за разликување, се земаат
предвид сите околности, а особено времето и обемот на неговата дотогашна употреба во прометот.

Апсолутни причини за одбивање

Член 139

(1) Со трговска марка не може да се заштити знак:
1) чие објавување или употреба е спротивна на закон или на моралот;
2) кој не може графички да се прикаже;
3) кој не е дистинктивен, односно подобен за разликување на стоките и услугите во прометот;
4) кој го означува само видот на стоките, односно услугите, нивната намена, времето или начинот на производство, географското потекло, квалитетот, цената, количеството и тежината;
5) кој е вообичаен за означување на определен вид стоки, односно услуги;
6) кој се состои исклучиво од форма која произлегува од видот на стоките или форма на стоките потребна за постигнување на определен технички резултат, или форма која им дава суштествена вредност на стоките;
7) кој со својот изглед може да создаде забуна во прометот, а особено да го доведе во заблуда просечниот потрошувач во поглед на географското потекло, видот, квалитетот или другите својства на стоките или услугите;
8) кој содржи државен или друг јавен грб, знаме или амблем, назив или кратенка

34

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


на називот на некоја држава или меѓународна организација, како и нивна имитација, освен со дозвола на надлежниот орган на односната држава или организација;
9) содржи или имитира лик или име на знаменита личност, освен со одобрение на таа личност, а доколку се однесува за лик или име на умрена знаменита личност, со дозвола од органот на државната управа надлежен за работите на општата управа;
10) кој содржи печат или штембил, официјални знаци или пунци за контрола и гаранција на квалитетот или ги имитира и
11) кој содржи религиозни симболи или ги имитира.
(2) Знаците наведени под точките 3), 4) и 5) од ставот (1) на овој член, можат да се заштитат како трговска марка, само доколку подносителот на пријавата докаже дека знакот стекнал дистинктивност со текот на долгогодишната употреба.
(3) Надлежен орган за давање на дозволата од ставот (1) точки 8) и 9) на овој член за Република Македонија е Министерството за правда.

Релативни причини за одбивање

Член 140

(1) Со трговска марка не може да се заштити ниту знак:
1) кој е идентичен со порано пријавена или регистрирана трговска марка на друго лице за ист вид стоки или услуги и
2) кој е идентичен или сличен со порано пријавена или регистрирана трговска марка на друго лице за ист или сличен вид стоки, односно услуги, доколку таа
сличност може да го доведе во заблуда просечниот потрошувач, вклучително и можноста од асоцијација со порано пријавената или порано регистрираната трговска марка.
(2) Порано пријавената трговска марка ќе биде причина за одбивање, во смисла на ставот (1) на овој член, само доколку биде регистрирана.
(3) Под поимот "порано пријавена или регистрирана трговска марка" се подразбираат:
1) трговските марки кои уживаат право на првенство според одредбите на овој закон;
2) порано меѓународно регистрираните трговски марки со дејство во Република
Македонија и
3) трговските марки кои во време на поднесувањето на пријавата на трговска марка за знакот од ставот (1) на овој член се добро познати во Република Македонија во рамките на значењето на членот 6-бис од Париската конвенција, односно членот 16(3) од ТРИПс договор.
(4) За добро познати трговски марки од ставот (3) точка 3) на овој закон, се сметаат особено трговските марки кои му се познати на релевантниот сектор на јавноста, како и трговски марки што се добро познати како резултат на претставувањето, огласувањето и рекламирањето во широката јавност.
(5) Со трговска марка не може да се заштити ниту знак со кој се повредуваат порано стекнатите права на:
1) носителот на трговската марка регистрирана во некоја земја членка на
Париската унија или на СТО, за која во Република Македонија неговиот застапник, односно претставник поднел пријава без негова согласност;
2) физичко лице чие име, презиме или лик е идентичен или сличен со објавениот знак;
3) носителот на порано заштитено право од индустриска сопственост, ако предметот на тоа право е идентичен или сличен со објавениот знак и
4) лицето кое има авторско право на дело кое е идентично или слично со објавениот знак.

35

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


(6) Со трговска марка не може да се заштити ниту знак кој е идентичен или сличен со трговската марка чија важност престанала поради поминатиот рок на важење, а носителот на правото во предвидениот рок не поднел барање за продолжување на важењето и не го платил пропишаниот надоместок, доколку пријавата на трговска марка е поднесена пред истекот на девет месеца, сметајќи од денот на престанокот на важноста на трговската марка, освен ако заштита на тој знак не бара носителот на чие име трговската марка била регистрирана, или неговиот правен следбеник.
(7) На причините за исклучување од заштитата со трговска марка според овој член, може да се повикува само подносителот на порано поднесената пријава или носителот на порано стекнатото право.

Подносител на пријава

Член 141

Постапка за стекнување на право на трговска марка може да поведе правно и физичко лице.

Поведување на постапка

Член 142

(1) Постапката за признавање на правото на трговска марка се поведува со поднесување пријава на трговска марка до Заводот.
(2) Постапката за признавање на правото на трговска марка може да се поведе и со поднесување пријава согласно со Мадридскиот договор и Мадридскиот протокол.
(3) За секој знак за кој се бара заштита со трговска марка, се поднесува посебна пријава.
(4) Со една иста пријава на трговска марка за еден ист знак може да се бара
заштита за повеќе производи и услуги.

Содржина на пријавата

Член 143

(1) Пријавата на трговска марка мора да содржи:
1) барање за признавање на правото на трговска марка;
2) податоци за подносителот на пријавата;
3) изглед на знакот за кој се бара заштита и
4) список на стоките и услугите за кои се бара заштита.
(2) Кон пријавата од ставот (1) на овој член се доставуваат и други состојки и прилози.
(3) Содржината и формата на пријавата и другите состојки и прилози кон пријавата подетално се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Датум на поднесување на пријавата

Член 144

(1) Ако пријавата ја нема содржината предвидена во членот 143 став (1) на овој закон, Заводот ќе го извести подносителот дека неговата пријава не е уредна и не може да му биде признаен датумот на поднесување.
(2) Ако за пријавата на трговска марка не може да се признае датумот на поднесување, Заводот ќе го повика подносителот во рок од 30 дена од приемот на повикот да ги отстрани утврдените недостатоци согласно со членот 143 став (1)

36

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


од овој закон.
(3) Ако подносителот ги отстрани недостатоците во предвидениот рок, Заводот ќе го утврди датумот на поднесување на пријавата.
(4) Како датум на поднесување ќе се смета датумот на прием на уредна пријава по која постапил подносителот согласно со известувањето, во смисла на членот
143 став (1) од овој закон.
(5) Ако подносителот во предвидениот рок не ги отстрани недостатоците,
пријавата со заклучок ќе се отфрли.

Промени во пријавата на трговска марка

Член 145

Во пријавата на трговска марка на која и е утврден датумот на поднесување, не може дополнително да се измени знакот, ниту да се дополни списокот на производите, односно услугите.

Регистар на пријави на трговски марки

Член 146

(1) Пријавата на трговска марка се впишува во Регистарот на пријави на трговски марки.
(2) Содржината и начинот на водењето на Регистарот на пријави на трговски марки и на изводот од регистарот се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Поделба на пријавата на трговска марка

Член 147

(1) Секоја пријава на трговска марка, на барање на подносителот на пријавата, во текот на постапката за признавање на правото на трговска марка може да се подели на две или повеќе пријави во однос на предложениот список на производи и услуги.
(2) Разделените пријави го задржуваат правото на првенство од првата пријава. (3) Барањето за поделба на пријавата е дозволено во случај кога подносителот во
првата пријава има поднесено барање за заштита на еден знак за повеќе стоки или услуги од Меѓународната класификација на производи и услуги.
(4) Барањето за поделба на пријавата може да се поднесе најдоцна до донесувањето на решението за признавање на правото на трговска марка.
(5) Содржината на барањето за поделба на пријавата се утврдува со прописот кој
го донесува директорот на Заводот.

Право на првенство

Член 148

Ако пријавата на трговска марка е поднесена во согласност со членот 143 став (1)
од овој закон, подносителот на пријавата стекнува право на првенство од датумот на поднесување на пријавата во однос на секој друг кој за идентичен или сличен знак и за идентични или слични производи или услуги подоцна ќе поднесе пријава.

Униско право на првенство

Член 149

(1) На правно или физичко лице кое во некоја од земјите членки на Париската

37

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


унија или на СТО уредно поднело пријава, во Република Македонија ќе му се признае правото на првенство од денот на поднесување на првата пријава, ако тоа го побара во рок од шест месеца од денот на поднесување на првата пријава. (2) Тој што е со намера да го користи правото на првенство од ставот (1) на овој член, должен е во пријавата поднесена во Република Македонија да ги наведе сите податоци за пријавата на која се повикува (држава, датум и број на пријавата) и во рок од 90 дена од денот на поднесувањето на пријавата да приложи препис на првата пријава заверена од надлежниот орган на земјата членка на Париската унија или на СТО во која е поднесена првата пријава, како и превод на првата пријава на македонски јазик.

Саемско право на првенство

Член 150

(1) Лицето кое на официјално признаена изложба или саем од меѓународен карактер во Република Македонија или во некоја земја членка на Париската унија или на СТО изложи производи или услуги обележани со определен знак, може во рок од три месеца од денот на затворањето на изложбата (саемот), со пријавата да побара право на првенство од првиот ден на излагањето на производите, односно давањето на услугите.
(2) Кон пријавата од ставот (1) на овој член мора да се поднесе писмена потврда од надлежниот орган на земјата членка на Париската унија или на СТО дека е во прашање официјално признаена изложба (саем), во смисла на Конвенцијата за меѓународни изложби со назначување на податоците за видот на изложбата (саемот), местото на нејзиното одржување, денот на отворањето и денот на затворањето и за првиот ден на излагањето на производите или услугите наведени во пријавата.

Кога не се продолжуваат роковите

Член 151

Со признавањето на правото на првенство според членот 150 на овој закон, не се продолжуваат роковите од членот 149 на овој закон.

Уверение за право на првенство

Член 152

(1) Заводот на барање на подносителот на пријавата издава уверение за правото на првенство, кое се смета од датумот утврден како датум на поднесување на
пријавата на трговската марка.
(2) Содржината на барањето и на уверението за правото на првенство се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Редослед на постапување по пријавите

Член 153

(1) Пријавите на трговска марка се земаат во постапка според редоследот определен со датумот на нивното поднесување.
(2) По исклучок од одредбата од ставот (1) на овој член, подносителот на пријавата може да бара пријавата да се земе во постапка веднаш кога:
1) е поднесено барање за меѓународно регистрирање на трговска марка според
Мадридскиот договор;
2) постои спор во врска со повреда на правото од пријавата и
3) согласно со другите прописи е неопходно да се изврши предвремена

38

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


регистрација на трговската марка.
(3) Во случаите од ставот (2) точки 2) и 3) на овој член, се поднесува барање за земање на пријавата во постапка веднаш и се плаќа такса.

Уредна пријава

Член 154

Пријавата на трговска марка е уредна доколку е:
1) поднесена посебна пријава во смисла на членот 142 став (3) на овој закон;
2) уплатена пропишаната такса за пријава и доставен доказ за извршената уплата;
3) составена така што ги содржи сите потребни состојки и прилози предвидени во членот 143 на овој закон и прописот кој го донесува директорот на Заводот и
4) приложено уредно полномошно, доколку пријавата е поднесена преку застапник.

Формално испитување на пријавата

Член 155

(1) По уписот на пријавата на трговската марка во регистарот на пријави, Заводот испитува дали таа е уредна во смисла на членот 154 од овој закон.
(2) Ако утврди дека пријавата не е уредна, Заводот го повикува подносителот на пријавата во рок кој не може да биде подолг од 60 дена сметајќи од денот на
приемот на повикот, да ги отстрани утврдените недостатоци.
(3) На образложено барање на подносителот на пријавата, рокот од ставот (1) на овој член може од оправдани причини да се продолжи најмногу уште за 60 дена. (4) Ако подносителот на пријавата во пропишаниот рок ја уреди пријавата, ќе се смета дека пријавата била уредно поднесена.
(5) Ако подносителот на пријавата во определениот рок не ги отстрани сите недостатоци што бил должен да ги отстрани според ставот (1) на овој член, пријавата со заклучок ќе се отфрли.

Испитување на условите за признавање на правото

Член 156

Ако пријавата е уредна во смисла на членот 154 од овој закон, Заводот испитува дали се исполнети условите за признавање на правото на трговска марка.

Решение за одбивање на пријавата

Член 157

(1) Ако пријавениот знак не може да се признае во однос на сите или во однос на некои од наведените производи или услуги од причините наведени во членот 139 од овој закон, Заводот донесува решение за одбивање на пријавата.
(2) Решение за одбивање на пријавата Заводот не може да донесе ако претходно, по писмен пат, не го запознал подносителот на пријавата со причините поради кои не може да се признае бараното право, односно не може да го признае правото во бараниот обем и ако не го повикал подносителот на пријавата во
примерен рок да се изјасни за тие причини.
(3) Рокот од ставот (2) на овој член може, на образложено барање од подносителот на пријавата, да се продолжи до шест месеца.

39

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Објавување на пријавата

Член 158

(1) Ако пријавата на трговска марка ги исполнува сите услови, во смисла на членот 154 од овој закон, ако знакот не е исклучен од заштита во смисла на членот 139 од овој закон и ако се платени трошоците за објава, податоците од пријавата се објавуваат во службеното гласило на Заводот.
(2) Податоците од пријавата кои се објавуваат во службеното гласило на Заводот се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Приговор

Член 159

(1) Приговор на објавената пријава на трговска марка до Заводот, во рок од 90
дена од денот на објавата, може да поднесе:
1) подносител на порано пријавената трговска марка и носителот на порано регистрирана трговска марка во смисла на членот 140 ставови од (1) до (4) на овој закон;
2) носителот на трговска марка регистрирана во некоја земја членка на Париската унија или на СТО, за која во Република Македонија неговиот застапник, односно претставник поднел пријава без негова согласност;
3) физичко лице чие име, презиме или лик е идентичен или сличен со објавениот знак;
4) носител на порано заштитено право од индустриска сопственост, ако предметот на тоа право е идентичен или сличен со објавениот знак;
5) лицето кое има авторско право на дело кое е идентично или слично со објавениот знак и
6) носителот на трговската марка чија важност престанала поради изминатиот рок на важење во смисла на членот 140 став (6) од овој закон.
(2) Рокот за поднесување приговор од ставот (1) на овој член не може да се продолжува.
(3) За секоја објавена пријава на трговска марка се поднесува посебен приговор. (4) Содржината на приговорот и начинот за поднесување на приговорот се
утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Испитување на приговорот

Член 160

(1) Заводот проверува дали приговорот е поднесен од лицето кое има право на поднесување приговор во смисла на членот 159 став (1) на овој закон и дали приговорот е поднесен во пропишаниот рок .
(2) Ако не се исполнети условите од ставот (1) на овој член, Заводот донесува заклучок за отфрлање на приговорот.
(3) Ако се исполнети условите од ставот (1) на овој член, Заводот го известува подносителот на пријавата на трговска марка за причините наведени во
приговорот и го повикува во определен рок, кој не може да биде подолг од 60
дена, да се изјасни за наведените причини.
(4) Ако подносителот на пријавата во предвидениот рок од ставот (3) на овој член не се изјасни за причините наведени во приговорот, Заводот ќе одлучи врз основа на наводите во приговорот.

40

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Одлучување по приговорот

Член 161

(1) Ако подносителот на пријавата се изјасни за причините наведени во приговорот, Заводот ја испитува оправданоста на приговорот, земајќи ги предвид причините по приговорот и одговорот по приговорот.
(2) Ако Заводот утврди дека приговорот е неоснован, приговорот со решение се одбива.
(3) Решението од ставот (2) на овој член се доставува до подносителот на пријавата и до подносителот на приговорот.
(4) Ако Заводот во постапката на испитување на приговорот утврди дека приговорот е основан, ја одбива пријавата на трговска марка и за тоа му
доставува решение на подносителот на пријавата и на подносителот на
приговорот.

Донесување на одлука и упис во Регистарот на трговски марки

Член 162

(1) Ако причините предвидени во членот 139 став (1) и членот 140 ставови (1) до (6) на овој закон не претставуваат пречка за признавање на правото на трговска марка, Заводот донесува заклучок дека се исполнети условите за признавање на правото на трговска марка и го повикува подносителот на пријавата во рок од 30 дена од денот на приемот на заклучокот да ја плати таксата за одржување на правото на трговската марка во важност за првиот десетгодишен период, трошоците за објавување на трговската марка во гласилото на Заводот и трошоците за издавање на исправа на трговска марка.
(2) Ако подносителот на пријавата во определениот рок ги плати таксата и трошоците од ставот (1) на овој член, Заводот донесува решение за признавање на правото на трговска марка и признаеното право се запишува во регистарот на трговски марки.
(3) Ако подносителот на пријавата не ги плати таксата и трошоците од ставот (1)
на овој член, Заводот ќе донесе заклучок со кој ќе ја отфрли пријавата.
(4) Содржината и начинот на водење на Регистарот на трговски марки, како и содржината и формата на изводот од регистарот се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Впишување промени во регистрите

Член 163

(1) Во Регистарот на пријави на трговски марки и во Регистарот на трговски марки се впишуваат промени кои се однесуваат на подносителот на пријавата, носителот на правото и на самото право.
(2) Промените кои се впишуваат, содржината и формата на барањето и постапката за впишување на промените се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Стекнување на право на трговска марка

Член 164

(1) Правото на трговска марка се стекнува со донесување решение за признавање на правото и со упис на трговската марка во регистарот.
(2) Датумот на уписот на трговската марка во регистарот е ист со датумот на донесување на решението за признавање на трговската марка.

41

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Објавување на трговската марка

Член 165

(1) Податоците за трговската марка се објавуваат во службеното гласило на Заводот најдоцна во рок од 90 дена од датумот на запишување на трговската марка во регистарот.
(2) Податоците кои се објавуваат во службеното гласило на Заводот се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Исправа за трговска марка

Член 166

(1) На носителот на правото на трговска марка, Заводот му издава исправа најдоцна во рок од шест месеца од датумот на донесувањето на решението за признавање на правото на трговска марка.
(2) Содржината на исправата за трговската марка се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Материјални права

Член 167

(1) Носителот на трговската марка има исклучително право да ја користи марката во прометот за означување на своите стоки, односно услуги.
(2) Носителот на трговската марка има право покрај трговската марка да го употребува симболот "!".
(3) Носителот на трговската марка има право да забрани користење во прометот од страна на трети лица без негова согласност, знак кој:
1) е идентичен со трговската марка за идентични производи или услуги;
2) е идентичен или сличен со трговската марка за идентични или слични производи или услуги доколку таквата сличност може да го доведе во заблуда просечниот потрошувач, вклучително и можноста од асоцијација меѓу знакот и
трговската марка и
3) е идентичен или сличен со трговската марка за различни производи или услуги, доколку трговската марка е позната во Република Македонија и доколку употребата на тој знак без оправдана причина се смета за нелојална конкуренција или му штети на дистинктивниот карактер или репутацијата на трговската марка.
(4) Забраната од ставот (3) на овој член опфаќа и:
1) ставање на знакот на производите или на нивните пакувања;
2) давање услуги или пуштање во промет производи обележани со тој знак или складирање на производи со таква намера;
3) увоз или извоз на производи под тој знак;
4) користење на знакот при кореспонденција, огласување и рекламирање.

Ограничување на правото

Член 168

(1) Трговската марка не му дава право на носителот да им забрани на трети лица употреба во стоковиот промет на нивните имиња, презимиња, знаци или трговски имиња, адреси, престојувалишта, податоци кои се однесуваат на видот, квалитетот, количеството, намената, вредноста, географското потекло, датумот на производство на стоките или давањето на услугите, или кое било друго обележје на стоките, без оглед на фактот што тие податоци се идентични или слични со трговската марка, или претставуваат нејзини делови, под услов да се користат во

42

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


согласност со добрите деловни обичаи и да не доведуваат до нелојална конкуренција.
(2) Трговската марка не му дава право на носителот да им забрани на трети лица употреба во прометот на знак кој е идентичен или сличен со трговската марка, ако е тоа потребно заради обележување на намената на производите, особено на нивните резервни делови или видот на услугите кои се даваат согласно со добрите деловни обичаи и да не доведуваат до нелојална конкуренција.

Трпење на употребата

Член 169

(1) Носителот на порано регистрирана трговска марка нема да има право да бара поништување на подоцнежна трговска марка врз основа на своето поранешно право на првенство ниту да забрани употреба на подоцнежна трговска марка во однос на стоките и услугите за кои подоцнежната марка била користена, ако за време од пет последователни години свесно ја тр-пел таа употреба, освен ако подоцнежната трговска марка е заштитена несовесно.
(2) Носителот на трговска марка со подоцнежно право на првенство нема право да му ја забрани нејзината употреба на носителот на порано регистрираната трговска марка.

Исцрпување на правото

Член 170

Носителот на правото на трговска марка нема право да забрани употреба на трговска марка за стоки или услуги кои тој сам ги ставил на домашниот пазар или тие се ставени на пазарот со негово одобрение, освен ако дошло до битни промени на стоките или до влошување на својствата, или промена на карактерот на стоките или услугите по нивното ставање во промет.

Репродукција на трговската марка во публикации

Член 171

Доколку репродукцијата на регистрираната трговска марка во речници,
енциклопедии или слични публикации создава впечаток дека е генеричко име на производите или услугите за кои марката е регистрирана, издавачот на публикацијата, на барање на носителот на правото на регистрираната трговска марка, ќе овозможи во првото наредно издание на публикацијата, репродукцијата на трговската марка да биде придружена со ознака дека марката е регистрирана.

Важење на трговската марка

Член 172

(1) Трговската марка важи десет години од денот на поднесување на пријавата.
(2) Важењето на трговската марка може да се продолжува неограничен број пати и тоа за период од по десет години, под услов носителот на правото во текот на последната година од десетгодишното важење или најдоцна девет месеца од
истекот на важењето до Заводот да поднесе барање за продолжување на
важењето на трговската марка и да ги уплати соодветните такси и трошоци на постапката.
(3) Новиот период на заштита започнува наредниот ден по истекот на последниот ден на претходниот период на десетгодишната заштита.
(4) Содржината и формата на барањето за продолжување на важењето на трговската марка се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на

43

Заводот.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Обврска за користење на трговската марка

Член 173

(1) Носителот на трговската марка е должен заради одржување на трговската марка во важност, да ја користи во прометот на стоките и услугите за кои таа е регистрирана, освен ако постојат сериозни причини за некористењето, независно од волјата на носителот.
(2) Под користење на трговската марка во смисла на ставот (1) од овој член се подразбира и употребата на трговската марка на средствата за пакување, каталозите, проспектите, упатствата, огласите, фактурите, кореспонденцијата, средствата за електронска трговија и друго.
(3) Користењето на трговската марка во незначително изменет облик со кој не се менува дистинктивниот карактер на трговската марка и употребата на марката на производите и опремата исклучиво со цел да се извезува, исто така, се смета за употреба.
(4) Користењето на трговската марка од страна на друго лице со одобрение од носителот на правото ќе се смета за употреба од самиот носител.

Престанок на важење на право на трговска марка

Член 174

Трговската марка престанува да важи:
1) ако истече рокот на важењето, а носителот на правото во предвидениот рок не поднесе барање за продолжување на важењето на марката и не го плати пропишаниот надоместок;
2) врз основа на писмена изјава на носителот на правото со која се одрекува од правото на трговската марка и тоа наредниот ден од денот на поднесувањето до Заводот;
3) ако престанало правното лице кое е носител на правото на трговска марка - со денот на престанувањето, односно ако умрело физичкото лице кое е носител на правото на трговска марка - со денот на смртта, или ако исчезнато лице кое е носител на право на трговска марка е прогласено за умрено - со денот на правосилноста на решението, освен ако тоа право поминало врз правните следбеници, односно врз наследниците на физичкото лице и
4) врз основа на судска одлука, односно акт на Заводот во случаите предвидени со овој закон - со денот определен во таа одлука, односно актот.
(2) Трговската марка престанува да важи и кога поради неактивноста на носителот на правото станала вообичаено име во прометот за производите, односно услугите за кои е регистрирана.

Права на трети лица

Член 175

(1) Ако во Регистарот на трговски марки е запишана лиценца, залог или некое друго право во корист на трето лице, носителот на трговска марка не може да се откаже од своите права без писмена согласност од лицето на чие име е запишана лиценцата, залогот или друго право.
(2) Ако носителот на трговска марка во определениот рок не ја плати пропишаната такса, а во регистарот е запишана лиценца, залог или некое друго
право во корист на трето лице, Заводот ќе го извести тоа лице дека таксата не е
платена и дека може да ја плати во рок од шест месеца од денот на известувањето и со тоа да го задржи запишаното право.

44

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


(3) Во случај на спор за обезбедување на запишаните права на трето лице судот може, ако тоа е неопходно за обезбедувањето на тие права, да одлучи правото на трговската марка да се пренесе врз лицето на чие име е запишана лиценцата, залогот или друго право, до обезбедување на побарувањата.

Предмет на заштита на колективна марка

Член 176

Со колективна марка се штити знак кој е наменет за заедничко означување на производите или услугите од страна на здружение или друга асоцијација на правни и физички лица.

Подносител на пријава на колективна марка

Член 177

(1) Подносител на пријавата на колективна марка може да биде домашно здружение или друга асоцијација на правни и физички лица.
(2) Под условите од овој закон, а согласно со меѓународните конвенции кои ги потпишала или кон кои пристапила Република Македонија, подносител на пријава на колективна марка може да биде и странско правно лице.

Содржина на пријавата на колективна марка

Член 178

(1) Кон пријавата на колективната марка се приложува општ акт или договор за колективната марка.
(2) Општиот акт или договорот од ставот (1) на овој член мора да содржи: фирма, односно назив на подносителот на пријавата и назив на органот, односно лицето овластено да го претставува подносителот; одредби за изгледот на знакот и за производите, односно услугите на кои се однесува знакот; одредби за тоа кој има право на употреба на колективната марка и под кои услови; одредби за правата и обврските на корисниците на колективната марка во случај на повреда на трговската марка; одредби за мерките и последиците во случај на повреда на трговската марка, како и одредби за мерките и последиците во случај на непридржување кон одредбите од општиот акт или договорот.

Впишување на измените на договорот за колективна марка

Член 179

(1) На барање на подносителот на пријавата или на носителот на колективната марка, Заводот во регистарот ја впишува секоја промена или дополнение на договорот со кој се одредува употребата на колективната марка.
(2) Правата кои произлегуваат од колективната марка не можат да се пренесуваат ниту можат да бидат предмет на лиценца.

Предмет на заштита на сертификатна марка

Член 180

(1) Со сертификатна марка се штити знак кој го користат неколку трговски друштва под надзор на носителот на сертификатната марка и служи за заштита на квалитетот, потеклото, начинот на производство или други заеднички карактеристики на стоките или услугите на тие трговски друштва.
(2) Одредбата од членот 139 став (4) на овој закон нема да се применува на сертификатните марки.

45

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Содржина на пријавата на сертификатна марка

Член 181

(1) Кон пријавата на сертификатната марка се приложуваат правила за користење на сертификатната марка кои содржат одредби за: квалитетот, својствата и другите карактеристики на стоките или услугите, мерките за контрола кои подносителот на пријавата на сертификатната марка ќе ги користи и санкциите кои ќе ги применува.
(2) Носителот на правото на сертификатната марка не може да ја користи таа марка за означување на производите и услугите кои тој самиот ги произведува.

Меѓународна регистрација

Член 182

(1) Носителот на трговска марка, односно подносителот на пријавата за признавање на трговска марка, може да поднесе пријава за меѓународна регистрација на трговската марка согласно со меѓународните договори и конвенции кон кои пристапила Република Македонија.
(2) За сите прашања кои не се уредени со тие договори ќе се применуваат одредбите од овој закон.
(3) Пријавата од ставот (1) на овој член се поднесува преку Заводот, во постапка утврдена со прописот кој го донесува директорот на Заводот.
(4) За потребите на меѓународните регистрации на трговските марки, според Мадридскиот договор и Мадридскиот протокол, објавата на пријавата пропишана во членот 158 на овој закон се заменува со објава на меѓународната регистрација во службеното гласило на Светската организација за интелектуална сопственост. (5) Рокот за поднесување приговор против признавањето на меѓународно
регистрирана трговска марка за Република Македонија тече од првиот ден во
месецот кој следува по месецот на издавањето на службеното гласило на Светската организација за интелектуална сопственост во кое таа трговска марка е објавена.

ЧЕТВРТИ ДЕЛ

ОЗНАКА НА ПОТЕКЛО НА ПРОИЗВОДОТ И ГЕОГРАФСКА ОЗНАКА Предмет на заштита

Член 183

(1) Географскиот назив се штити со ознака на потеклото на производот и географската ознака.
(2) Со географски назив се обележуваат производите кои ги произведуваат физички или правни лица на определено географско подрачје.

Ознака на потекло

Член 184

Ознаката на потеклото е географскиот назив на земјата, регионот или местото со кое се означува производот кој потекнува од тоа подрачје и чиј квалитет и
посебни својства исклучиво или претежно се условени од географската средина
вклучително и природните и човечките фактори и чие производство, преработка и подготовка во целина се одвиваат на одредено ограничено подрачје на

46

потеклото.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Географска ознака

Член 185

(1) Географска ознака е географскиот назив на земјата, регионот или местото со кое се означува производот чиј квалитет, углед или други карактеристики во суштина можат да се припишат на географското потекло.
(2) Географската ознака, за еден производ, може да се штити под услов производството и/или постапката и/или подготовката на производот да се одвива во определено место на потеклото.
(3) Географските називи кои не ги исполнуваат условите за заштита како ознака на потеклото можат да се заштитат како географски ознаки.

Потекло на суровините

Член 186

Со исклучок на виното и другите алкохолни пијалаци, производот може да се обележува со ознака на потекло и кога суровините за негово производство
потекнуваат од пошироко подрачје или надвор од подрачјето на преработка под
услов:
1) определеното подрачје за производство на суровини да е ограничено или да постојат посебни услови за производство на суровини и
2) за квалитетот и посебните својства на производот да е решавачки традиционалниот начин на производство, односно човечкиот фактор.

Традиционални називи

Член 187

Со ознаката на потеклото, односно со географската ознака може да се штити и географскиот назив на определена земја, регион или место, кој со долга употреба во прометот станал општопознат како назив за производот кој потекнува од таа територија, како и традиционалниот географски или негеографски назив кој упатува на определено потекло на производот, а ги исполнува условите од членот
184, односно членот 185 став (2) на овој закон.

Подрачје на заштита

Член 188

Географскиот назив може да се употреби за обележување на природни производи, земјоделски производи, индустриски производи, занаетчиски производи и производи од домашна ракотворба.

Исклучување од заштита

Член 189

Со географска ознака, односно со ознака на потеклото не може да се штити називот на местото на потеклото на производот кој:
1) не ги исполнува условите пропишани со овој закон;
2) е спротивен на закон и моралот;
3) со својата содржина може да создаде забуна во поглед на видот, потеклото,
квалитетот, начинот на производството или други својства на производот;
4) е еднаков на називот на растителна сорта или животинска раса, во случај кога тоа би ја довело јавноста во заблуда во поглед на географското потекло и

47

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


5) е идентичен или сличен на географскиот назив или трговската марка порано регистрирани за идентични или слични производи, кога постои веројатност потрошувачите да се доведат во заблуда.

Забрана за заштита

Член 190

(1) Со географска ознака, односно со ознака на потеклото не може да се заштити називот на местото на потекло за производот кој со долга употреба во прометот
станал општопознат за обележување на определен вид производи.
(2) Називот на местото на потекло заштитен со географска ознака, односно со ознака на потеклото, не може да стане генерички.

Хомоними

Член 191

Ако називите на две или повеќе места на потекло на производите се еднакви или скоро еднакви во пишана форма, заштитата на таквите називи со географска ознака или ознака на потеклото ќе им биде одобрена на сите лица кои ги исполнуваат условите предвидени со овој закон и на начин утврден со прописот кој го донесува директорот на Заводот, врз принципите на рамноправност на производителите на пазарот и вистинското информирање на потрошувачот, со исклучок кога тоа би довело до заведување на јавноста во поглед на географското потекло.

Еднаков третман на домашни и странски лица

Член 192

(1) Географски назив може да се штити и во полза на странско физичко или правно лице, како и да се изврши упис на овластен корисник на заштитениот
географски назив само ако тие права им се признаени во земјите на потеклото и
ако ги исполнуваат условите предвидени со овој закон.
(2) Правата од ставот (1) на овој член странските физички и правни лица можат да ги уживаат во случај кога тоа произлегува од меѓународните договори кои ги ратификувала Република Македонија или врз основа на билатерален договор за заемна заштита ако е така предвидено со прописите на земјата од која потекнува лицето.
(3) Географскиот назив кој веќе е заштитен со географска ознака, односно ознака на потеклото во Република Македонија може да се штити и во странство врз основа на билатерални договори за заемна заштита или меѓународни договори кои ги ратификувала Република Македонија.
(4) Пријава за заштита надвор од земјата можат да поднесат само корисниците на географските називи кои се запишани во соодветниот регистар на Заводот.

Поведување постапка

Член 193

Постапка за заштита на географски назив, односно за признавање на правото на користење на заштитен географски назив се поведува со пријава која содржи барање за заштита на географскиот назив, односно барање за признавање на правото за користење на заштитениот географски назив и други прилози пропишани со овој закон.

48

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Пријава на странско лице

Член 194

Странските лица кога ја поднесуваат пријавата, во прилог на барањето за признавање на географски назив, односно на барањето за признавање на правото на користење приложуваат препис на јавна исправа или друг правен акт на службениот јазик на земјата на потеклото ка-ко доказ дека географскиот назив е заштитен во таа земја, односно дека е признаено правото на овластен корисник, како и заверен превод на македонски јазик.

Единственост на пријавата

Член 195

Со една пријава може да се побара заштита, односно право на користење само на еден географски назив кој се однесува само на еден вид производ.

Подносител на пријава

Член 196

Пријавата за заштита на географскиот назив можат да ја поднесат:
- физички и правни лица кои произведуваат определен производ и форми на здруженија кои можат да стекнуваат право и преземаат обврски во однос на заштитата, односно правото на користење и
- државен орган, единица на локалната самоуправа и коморите заинтересирани за заштита на географските називи на подрачјето на нивното дејствување.

Содржина на пријавата

Член 197

(1) Пријавата за заштита на географски назив содржи барање за заштита на географскиот назив со назнака дека се бара заштита со ознака на потеклото или со географска ознака.
(2) Пријавата за заштита на географски назив со ознака на потеклото покрај барањето за заштита на географски назив содржи елаборат за производот кој ќе се означува со географскиот назив.
(3) Пријавата за заштита на географскиот назив со географска ознака покрај барањето за заштита на географскиот назив содржи спецификација за производот кој ќе се означува со географски назив.
(4) Ако пријавата за заштита на географски назив со географска ознака се однесува на производите вино и други алкохолни пијалаци, наместо
спецификација содржи елаборат за производот.
(5) Содржината и формата на пријавата од ставот (1) на овој член, елаборатот, спецификацијата и другите состојки и прилози подетално се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Елаборат

Член 198

(1) Елаборатот го изработува институција која ги исполнува условите предвидени со прописот кој го донесува директорот на Заводот.
(2) Контролата на посебните својства на производот може да ја врши институцијата која го изработила елаборатот или друга институција која ги исполнува условите предвидени со прописот кој го донесува директорот на
Заводот, за што издава доказ.

49

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


(3) Подносителот на пријавата за заштита на географски назив со географска ознака ја изработува спецификацијата и гарантира за податоците внесени во истата.

Регистри

Член 199

(1) Заводот води регистар на пријави за заштита на географските називи и регистар на пријави за користење на заштитените географски називи, регистар на заштитени географски називи и регистар на корисници на заштитени географски
називи.
(2) Содржината и начинот на водење на регистрите се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.
(3) На писмено барање од заинтересираните лица, Заводот издава извод од регистрите.

Стекнување на право

Член 200

(1) Заштита на називот на местото на потеклото за производите со географската ознака, односно со ознака на потеклото се врши со донесување на решение и упис на географскиот назив на производот и видот на производот на кој се однесува тој назив во регистарот на заштитени географски називи.
(2) Правото на користење заштитени географски називи се стекнува со издавање решение за признавање на правото и со упис во регистарот на корисници на
заштитени географски називи.

Важење на правото

Член 201

(1) Заштитата на географскиот назив важи неограничено.
(2) Правото на користење на заштитениот географски назив важи пет години,
сметајќи од денот на донесувањето на решението.
(3) Важењето на правото на користење може да се продолжува неограничен број пати и тоа за период од по пет години, под услов носителот на правото во текот
на петтата година од важењето до Заводот да поднесе барање за продолжување на важењето на правото на користење на заштитениот географски назив.
(4) Содржината и формата на барањето за продолжување на важењето се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.
(5) Правото на користење на заштитениот географски назив ќе се продолжи ако се исполнети условите за признавање на тоа право, во спротивно правото престанува да важи наредниот ден од денот на истекот на петтата година од неговото важење.

Право на користење

Член 202

(1) Ознаката на потеклото е колективно право и можат да го користат исклучиво правни и физички лица кои:
1) произведуваат производ чиј географски назив е заштитен со ознака на
потеклото;
2) производниот процес во целост го извршуваат на географското подрачје кое е точно дефинирано во елаборатот и
3) се запишани во регистарот на корисници како корисници на таа ознака на

50

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


потеклото.
(2) Географската ознака е колективно право и може да ја користат правни и физички лица, кои:
1) произведуваат производ чиј географски назив е заштитен со географска ознака;
2) производството и/или преработката и/или подготовката на производот ја извршуваат на географското подрачје кое е точно дефинирано во
спецификацијата и
3) се запишани во регистарот на корисници како корисници на таа географска ознака.

Содржина на пријавата за користење

Член 203

(1) Пријавата за признавање на правото на користење содржи:
1) барање за признавање на правото на користење на заштитен географски назив;
2) доказ за вршење определена дејност;
3) доказ за извршена контрола, ако се бара признавање на право на користење на ознака на потеклото, односно изјава од подносителот ако се бара признавање на право на користење на географска ознака и
4) доказ за извршена контрола ако се бара признавање на право на користење на географска ознака во случаите за вино и други алкохолни пијалаци.
(2) Содржината и формата на пријавата од ставот (1) на овој член и другите состојки и прилози се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на
Заводот.

Испитување на пријавата

Член 204

(1) Ако пријавата не ги содржи сите потребни состојки и прилози согласно со овој закон и прописот кој го донесува директорот на Заводот, Заводот го повикува подносителот на пријавата во рок од 30 дена од денот на приемот на повикот да ги отстрани утврдените недостатоци.
(2) На образложено барање од подносителот на пријавата може од оправдани причини рокот од ставот (1) на овој член да се продолжи најмногу уште за 30 дена.
(3) Ако подносителот на пријавата во определениот рок не ја уреди пријавата или не ги плати трошоците кои е должен да ги плати за уредување на пријавата, Заводот со заклучок ќе ја отфрли пријавата за заштита на географскиот назив, односно пријавата за признавање на правото на користење на заштитениот географски назив.

Исполнување на условите

Член 205

Ако согласно со овој закон и прописот кој го донесува директорот на Заводот, Заводот утврди дека пријавата е уредна, продолжува со испитување на пријавата во смисла дали таа ги исполнува со закон предвидените услови за заштита на географскиот назив, односно за признавање на правото на овластен корисник.

51

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Постапка по пријавата и одлучување

Член 206

(1) Ако Заводот утврди дека пријавата не ги исполнува условите за заштита на географскиот назив, односно за признавање на правото на овластен корисник на заштитениот географски назив, писмено ќе го извести подносителот на пријавата за причините заради кои не може да го заштити географскиот назив, односно да го признае правото на овластен корисник и ќе го повика подносителот на пријавата во рок од 90 дена од денот на приемот на известувањето да се изјасни за причините.
(2) На образложено барање од подносителот на пријавата може, од оправдани причини, рокот од ставот (1) на овој член да се продолжи најмногу уште за 90 дена.
(3) Ако подносителот на пријавата во предвидениот рок воопшто не се изјасни или ако се изјасни, а Заводот утврди дека не може да се заштити географскиот назив, односно да се признае правото на овластен корисник на заштитениот географски назив, со решение ќе ја одбие пријавата за заштита на географскиот назив, односно пријавата за признавање на правото на овластен корисник на географскиот назив.
(4) Ако во случајот од ставот (3) на овој член е во прашање пријава за заштита на географски назив со ознака на потеклото која ги исполнува условите да биде заштитена со географска ознака, Заводот ќе го извести подносителот на пријавата и со негова согласност географскиот назив ќе го заштити со географска ознака.

Донесување решение

Член 207

(1) Ако пријавата за заштита на географскиот назив ги исполнува условите предвидени со овој закон, Заводот ќе донесе решение за заштита на географскиот назив и истиот го запишува во регистарот на заштитени географски
називи.
(2) Ако пријавата за признавање на правото на овластен корисник на географскиот назив ги исполнува условите предвидени со овој закон, Заводот со заклучок ќе го повика подносителот на пријавата, во рок од 30 дена од приемот на заклучокот да ја плати таксата за признавање на правото за овластен корисник на географскиот назив за првите пет години, трошоците за објавување на податоците за признаеното право на користење на заштитениот географски назив, како и за издавање исправа и да достави доказ за извршените уплати.
(3) Ако подносителот на пријавата во определениот рок од ставот (2) на овој член не достави доказ за извршените уплати, Заводот со заклучок ќе ја отфрли пријавата за признавање на правото на овластен корисник на заштитениот географски назив.

Запишување во регистрите

Член 208

Ако подносителот на пријавата достави докази за извршената уплата од членот
207 став (2) на овој закон, Заводот донесува решение за признавање на правото на овластен корисник и го запишува во регистарот на корисници на заштитените географски називи и во регистарот за заштитени географски називи.

52

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Објавување на заштитениот географски назив

Член 209

(1) Објавувањето на заштитениот географски назив во службеното гласило на
Заводот се врши по службена должност.
(2) Податоците за заштитениот географски назив кои се објавуваат во службеното гласило се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Објавување на податоците за овластен корисник

Член 210

(1) По извршената уплата на трошоците за објавување од страна на носителот на правото за овластен корисник, Заводот ги објавува податоците за признаеното право на овластен корисник во службеното гласило.
(2) Податоците за признаеното право на овластен корисник кои се објавуваат во службеното гласило се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Исправа

Член 211

(1) На овластениот корисник на заштитениот географски назив, Заводот му издава исправа за признаеното право на овластен корисник, во рок од шест месеца од денот на донесувањето на решението.
(2) Содржината на исправата од ставот (1) на овој член се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Права на корисникот

Член 212

(1) Корисникот на заштитениот географски назив има право истиот да го користи за означување исклучиво за оној вид производ кој е запишан во регистарот на заштитени географски називи на Заводот.
(2) Правото на користење се однесува и на употребата на заштитениот географски назив врз средствата за пакување, деловните исправи и рекламните
материјали.
(3) Начинот на означување на производите чии географски називи се заштитени се утврдуваат со прописот кој го донесува директорот на Заводот

Непрометливост

Член 213

(1) Правото на користење на заштитениот географски назив со договор не може да се пренесува, отстапува и да се дава во залог.
(2) Ако заштитениот географски назив е предмет на порано пријавена или регистрирана трговска марка, таквата трговска марка не може да се пренесува,
отстапува и дава во залог.

Забрана

Член 214

(1) Корисниците на географските називи можат да поднесат барање да се забрани:
1) директно или индиректно неовластено користење на заштитениот географски

53

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


назив за исти или слични производи заради стекнување имотна корист;
2) означување на производите кои не потекнуваат од местото на потеклото назначено со заштитениот географски назив дури и кога е назначено вистинското потекло, кога е употребен нејзиниот превод или кога се користи во придружба на дополнителни изрази, како род, вид, тип, имитација и друго;
3) секоја форма на користење на заштитениот географски назив која нанесува штета на угледот или го искористува угледот на заштитениот географски назив;
4) секое користење на невистинита информација која би го довела во заблуда
потрошувачот во поглед на географското потекло, квалитетот или својствата на производот, а се става на пакувањето, деловните исправи или на други документи, со што остава погрешен впечаток за вистинското потекло и
5) секоја друга примена која би можела да го доведе потрошувачот во заблуда во врска со географското потекло на производот.

Слободно користење

Член 215

(1) Овластените корисници на заштитените географски називи не можат да бараат забрана заради повреда на правото кога заштитениот географски назив се
користи со цел за известување и едуцирање на јавноста на начин кој не им штети
на нивните интереси.
(2) Употребата на географските називи за целите од ставот (1) на овој член се врши без надоместок.

Промени во регистарот

Член 216

(1) На писмено барање на подносителот на пријавата или на овластениот корисник на заштитениот географски назив, Заводот ги впишува во соодветниот регистар сите промени кои се во врска со признаеното право на овластен корисник, кои настанале по поднесувањето на пријавата или по признавањето на правото, под услов тие да соодветствуваат на вистинската состојба.
(2) Доколку барањето се однесува на значајни промени во обемот на производството, со барањето се доставува и доказот од членот 197 ставови (2) и (3) на овој закон, не постар од шест месеца.
(3) Промените запишани во регистарот на овластените корисници се објавуваат во службеното гласило на Заводот.
(4) Содржината и формата на барањето за впишување на промените се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Услови за укинување на правото на користење

Член 217

Решението за признавање на правото на користење на заштитениот географски назив може да се укине ако се утврди дека престанале да постојат условите за признавање на правото за користење на заштитениот географски назив предвидени со овој закон. Во постапката, по барањето за укинување на решението за признавање на правото за користење на заштитениот географски назив, овластениот корисник на заштитениот географски назив е должен да докаже дека постојат услови за признавање на правото.

54

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Барање за укинување на решението

Член 218

(1) Решението за признавање на правото за користење на заштитениот географски назив може да се укине по службена должност, на барање на заинтересирано лице или јавен обвинител.
(2) Барањето за укинување решение од ставот (1) на овој член се поднесува во писмена форма до Заводот.
(3) Кон барањето од ставот (2) на овој член, подносителот е должен да ги достави потребните докази.
(4) Заводот е должен во рок од 15 дена од приемот на барањето да му го достави барањето на носителот на правото на користење и да го повика да се изјасни во
рок од 30 дена од приемот на известувањето.
(5) Содржината на барањето за укинување на решението од ставот (1) на овој член се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Продолжување на постапката за укинување на решението

Член 219

(1) Ако подносителот на барањето за укинување на решението за признавање на правото за користење на заштитен географски назив во текот на постапката се откаже од барањето, Заводот може да продолжи со постапката по службена должност.
(2) На лицето кое е запишано како овластен корисник во соодветните регистри му престанува правото за користење на заштитениот географски назив следниот ден од денот на правосилното решение за укинување на тоа право.

ПЕТТИ ДЕЛ СУДСКА ЗАШТИТА Повреда на правата

Член 220

(1) Лицето кое ќе ги повреди правата од индустриска сопственост уредени со овој закон одговара за штета според општите правила за надоместување на штетата. (2) Лицето чиешто право е повредено, покрај надоместокот на штетата, може да бара судот да му наложи на лицето кое ги повредило неговите права да се воздржи од натамошна повреда, да му ги одземе и уништи производите кои се произведени или ставени во промет со кои се врши повреда на правото, да бара доставување на документацијата и податоците од лицето кое го повредило правото и да се објави пресудата со која се утврдува повредата во средствата за јавно информирање, на трошок на тужениот.

Тужба

Член 221

(1) Тужба за повреда на правата уредени со овој закон може да поднесе подносителот на пријавата, носителот на правото, како и стекнувачот на исклучителна лиценца, овластениот корисник на географската ознака, односно ознаката на потеклото на производот и овластениот корисник на колективната и сертификатната (гарантната) трговска марка.
(2) Постапката поради повреда на правото од пријавен патент, индустриски

55

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


дизајн, трговска марка и користење на географска ознака, односно ознака на потеклото на производот, судот може да ја прекине до донесувањето на решение за признавање на соодветното право од Заводот.
(3) Како повреда на пријавените и признаените права уредени со овој закон се смета секое неовластено користење, располагање, ограничување, имитирање, асоцијација, вознемирување на правата и слично, спротивно на одредбите од овој закон.
(4) За имитирање, во смисла на ставот (3) од овој член се смета ако просечниот купувач на стоки, односно услуги, без оглед на видот на производите може да ја согледа разликата само ако обрне посебно внимание, односно ако кај трговската марка се работи за превод или транскрипција, односно транслитерација.
(5) Со тужбата која се однесува на повреда на правото од патент, тужителот е должен да достави соодветен писмен доказ, согласно со членот 60 од овој закон.
(6) Судот може да го определи рокот во кој тужителот треба да го достави доказот од ставот (5) на овој член.
(7) Ако доказот од ставот (5) на овој член не биде поднесен во рокот којшто го
определил судот, тужбата ќе се отфрли.

Рок за поднесување тужба

Член 222

Тужба за повреда на правата уредени со овој закон може да се поднесе во рок од три години од денот кога тужителот дознал за повредата и за сторителот, а најдоцна во рок од пет години од сторената повреда.

Итност на постапката

Член 223

Постапката по тужбата за повреда на правата уредени со овој закон е итна.

Огласување за носител на патент, односно индустриски дизајн

Член 224

Пронајдувачот, односно авторот, неговиот наследник или друг правен следбеник може со тужба кај надлежниот суд да бара за сето време на траењето на
патентот, односно индустрискиот дизајн, судот да го огласи за носител на
патентот, односно индустрискиот дизајн, ако патентот, односно индустрискиот дизајн е издаден на име на лице кое не е пронајдувач, односно автор, негов наследник или друг правен следбеник.

Запишување во регистарот

Член 225

(1) Во рок од 90 дена од денот на доставувањето на правосилната судска одлука со која е уважено тужбеното барање, тужителот може да бара да се запише во соодветниот регистар како носител на соодветното право и за тоа Заводот да му издаде соодветна исправа.
(2) Ако лицето на кое му е уважено тужбеното барање во рокот од ставот (1) на овој член не поднесе барање да се запише во соодветниот регистар како носител на правото што му е признаено, запишаното право ќе се избрише од соодветниот регистар.

56

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Права на трети лица

Член 226

Правата со кои трето лице се стекнало од поранешниот носител на правата, важат и спрема новиот носител на правата, ако биле запишани во соодветен регистар или уредно пријавени за запишување пред започнување на спорот.

Спор за признавање на авторство

Член 227

(1) Пронајдувачот на патентот, односно авторот на индустрискиот дизајн, може со тужба кај надлежниот суд да бара да биде наведен во пријавата и во сите исправи.
(2) Со смртта на пронајдувачот, односно авторот од ставот (1) на овој член,
правото на тужба преминува врз неговите наследници.

Барање за објавување на пресудата

Член 228

(1) Покрај барањето од членот 220 став (2) на овој закон, тужителот може да бара правосилната пресуда со која нему му е признаено правото дека е пронајдувач, односно автор јавно да се објави на трошок на тужениот.
(2) Покрај барањето од ставот (1) на овој член, тужителот може да бара и надомест на нематеријална штета.

До кога може да се поднесе тужба

Член 229

Тужбата од членот 227 на овој закон може да се поднесе од денот на поднесувањето на пријавата, како и за сето време на траењето на патентот,
односно индустрискиот дизајн.

Повреда на морално право

Член 230

При повреда на моралното право судот може да му досуди на пронајдувачот, односно на авторот да му се исплати соодветен надоместок за претрпена повреда на неговата личност, чест и углед, односно за неимотна штета доколку утврди дека околностите на случајот, посебно степенот на повредата и нејзиното траење, тоа го оправдуваат.

Оспорување на правото на трговска марка

Член 231

(1) Правно или физичко лице може со тужба за утврдување да бара од судот да утврди дека знакот што го употребува во прометот за обележување на своите
стоки, односно услуги е идентичен или сличен со трговската марка што ја употребува друго правно или физичко лице за обележување на своите стоки, односно услуги од ист или сличен вид и дека тој знак бил општопознат како
обележје на стоките, односно услугите на тужителот уште пред туженикот да
поднесе пријава за трговска марка.
(2) Тужителот може да бара од судот него да го огласи за носител на трговската марка.
(3) Тужбата од ставот (1) на овој член судот нема да ја уважи ако тужениот -

57

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


носител на трговската марка докаже дека уште пред поднесувањето на пријавата го употребувал спорниот знак за ист или сличен вид стоки, односно услуги и тоа исто толку колку и тужителот или подолго отколку тужителот.
(4) Тужбата од ставот (1) на овој член не може да се поднесе по истекот на пет години од денот на уписот на трговската марка во регистарот на трговски марки.

Други случаи на оспорување на правото на трговска марка

Член 232

Лицето кое во времето на поднесување на пријавата за признавање на правото на трговска марка има фирма, односно назив идентичен со трговската марка на друго лице, може да ја оспори таа трговска марка за истиот или сличен вид на стоки, односно услуги, освен ако носителот на трговската марка, во моментот на поднесувањето на пријавата, имал иста фирма, односно назив.

ШЕСТИ ДЕЛ

МЕРКИ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Привремени мерки Член 233

Лицето кое може да поднесе тужба за повреда на неговите права уредени со овој
закон, може да поднесе предлог судот да дозволи привремени мерки, под услови и на начин предвидени со одредбите од Законот за извршната постапка.

Доставување податоци и други документи

Член 234

(1) Носителот на правото може да бара од лицата кои имаат каква било врска со повредата на правата уредени со овој закон (произведувач, печатар, увозник, дистрибутер, консигнатор, сопственик, продавач, имател на примероци, предмети или средства со кои било повредено правото или други лица), без одлагање да му ги достават податоците и документите во врска со повредата.
(2) Доколку лицата од ставот (1) на овој член не ги достават податоците или документите со кои располагаат, одговараат за надоместок на штета што настанува заради недоставувањето.
(3) Доколку носителот на правото од ставот (1) на овој член ги злоупотреби податоците, односно документите кои ги прибавил од лицата од ставот (1) на овој член, а со тоа им причинил штета, должен е да им ја надомести причинетата
штета според општите одредби за надоместок на штета.

Царински мерки

Член 235

(1) Доколку носителот на правото пријави дека со увозот на определена стока во Република Македонија се повредуваат правата уредени со овој закон, царинските органи, на негово барање, можат да ги определат следниве мерки:
1) овластеното лице од царината во придружба на носителот на правото или неговиот застапник да ја прегледа стоката што е предмет на увозот и истата да се исклучи од прометот или да се складира на безбедно место, ако увозникот нема
соодветен веродостоен доказ за производство на стоката што се увезува.
(2) На барање на царинските органи или на увозникот, носителот на правото е

58

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


должен да положи кауција за евентуалната штета што би настанала со дозволувањето на мерките од ставот (1) на овој член.
(3) Царинските органи се должни за донесените мерки веднаш да ги известат увозникот и примачот на стоката.
(4) Царинските органи ќе ги укинат донесените мерки од ставот (1) на овој член доколку носителот на правото во рок од осум дена не поднесе тужба до
надлежниот суд за повреда на правото.

Граѓанска казна

Член 236

(1) При повреда на правата стекнати врз основа на овој закон, ако правата се повредени со намера или крајна небрежност, носителот на правото може да побара исплата на вообичаениот надоместок, зголемен за 200%, независно дали заради повредата претрпел имотна штета во тој износ.
(2) При одлучувањето по барањето за плаќање казна од ставот (1) на овој член и одмерувањето на нејзината висина, судот ќе ги има предвид сите околности на случајот, посебно степенот на вината на тужениот, износот, вообичаениот надомест, како и превентивната цел на казната.
(3) Доколку имотната штета е поголема од казната, носителот на правото има право да бара разлика до целосно обесштетување.

СЕДМИ ДЕЛ

ПРОМЕТЛИВОСТ НА ПРАВАТА ОД ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ Договор за пренос

Член 237

(1) Подносителот на пријавата на право од индустриска сопственост и носителот на правото, со договор во целина или делумно може да го пренесат своето право под условите предвидени со овој закон и со други прописи.
(2) Договорот за пренос на правото мора да биде составен во писмена форма и потписите на договорните страни да бидат заверени од нотар.
(3) Договорот од ставот (2) на овој член по барање на една од договорните страни, се запишува во соодветен регистар кој се води во Заводот.
(4) Договорот од ставот (2) на овој член кој не е составен во писмена форма и не е заверен од нотар не произведува правно дејство.
(5) Договорот за пренос на право што не е запишан во соодветниот регистар на
Заводот не произведува дејство спрема трети лица.

Договор за лиценца

Член 238

(1) Подносителот на пријавата на право на индустриска сопственост и носителот на правото, може со договор за лиценца да го отстапат на користење тоа право, под услови предвидени со овој закон и со други прописи.
(2) Договорот за лиценца мора да биде составен во писмена форма.
(3) Ако пријава на патент поднеле повеќе лица или ако носители на патент се повеќе лица, за склучување на договорот за лиценца е потребна согласноста од
сите тие лица.
(4) Доколку не постои согласност за склучување на договор за лиценца од ставот
(3) на овој член, за отстапување на правото на користење се применуваат

59

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


правилата на сосопственост.
(5) Договорот за лиценца кој не е составен во писмена форма не произведува правно дејство.
(6) Договорот за лиценца по барање на една од договорните страни, се запишува во соодветниот регистар кој се води во Заводот.
(7) Договорот за лиценца што не е запишан во соодветниот регистар на Заводот не произведува дејство спрема трети лица.

Елементи на договорот за лиценца

Член 239

Договорот за лиценца мора да содржи одредби за: предметот, времето на траење на лиценцата, обемот на лиценцата, назначување дали лиценцата е исклучителна, како и висината на надоместокот за отстапеното користење на правото, ако надоместокот е договорен.

Ништовност на договорот за лиценца

Член 240

Во договорот за лиценца ништовна е секоја одредба која на корисникот на лиценцата му поставува ограничувања кои не произлегуваат од правото што е предмет на договорот или која е непотребна за зачувување на тоа право.

ОСМИ ДЕЛ

ПРЕСТАНОК НА ПАТЕНТ И ТРГОВСКА МАРКА ВО СЛУЧАЈ НА НЕКОРИСТЕЊЕ Престанок на патент

Член 241

(1) Ако со присилна лиценца не можела да се постигне целта поради која лиценцата била издадена по барање на заинтересирано правно или физичко лице, а по претходно прибавено мислење на органот на управата надлежен за областа во која патентираниот пронајдок треба да се примени, може да се донесе решение за престанок на патентот.
(2) Барањето за престанок на патентот не може да се поднесе пред истекот на две години од денот на давањето на првата присилна лиценца.
(3) Барањето од ставот (2) на овој член се поднесува во писмена форма до
Заводот.
(4) Заводот е должен во рок од 50 дена од приемот на барањето да му го достави барањето на носителот на правото и да го повика да се изјасни во определен рок кој не може да биде подолг од 60 дена од приемот на известувањето.
(5) Содржината на барањето за престанок на важење на патент поради некористење се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Престанок на трговска марка

Член 242

(1) Ако носител на правото на трговската марка без оправдани причини не ја користи трговската марка за означување на производите, односно услугите на кои таа се однесува подолго од пет години непрекинато од денот на уписот на трговската марка во Регистарот на трговски марки, односно од денот кога
трговската марка била последен пат користена, на барање на заинтересирано

60

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


лице може да се донесе решение за престанок на таа трговска марка.
(2) Во постапката по барањето за престанок на трговската марка, носителот на правото на трговската марка е должен да докаже дека ја користи трговската марка.
(3) Правото на колективна трговска марка може да престане и ако таа се употребува спротивно на општиот акт или договорот за колективна трговска
марка.
(4) Барањето од ставовите (1) и (3) на овој член се поднесува во писмена форма до Заводот.
(5) Заводот е должен во рок од 50 дена од приемот на барањето да му го достави барањето на носителот на правото и да го повика да се изјасни во определен рок
кој не може да биде подолг од 60 дена од приемот на известувањето.
(6) Содржината на барањето за престанок на важење на трговска марка поради некористење се утврдува со прописот кој го донесува директорот на Заводот.

Решение за престанок на правото

Член 243

(1) Патентот и трговската марка, престануваат да важат со денот на правосилноста на решението за престанок што го донесува Заводот.
(2) Решението од ставот (1) на овој член се впишува во соодветниот регистар и се објавува во службеното гласило на Заводот.

ДЕВЕТТИ ДЕЛ

ОГЛАСУВАЊЕ ЗА НИШТОВНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРАВАТА ОД ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ

Ништовност на решение

Член 244

Решение за признавање на правото на индустриска сопственост ќе се огласи за ништовно ако се утврди дека не постоеле услови предвидени со овој закон за
признавање на тоа право.

Постапка по предлогот

Член 245

(1) Решението за признавање на правото може да се огласи за ништовно за сето време на траење на заштитата и тоа по службена должност, на предлог на заинтересирано лице или на предлог од јавниот обвинител.
(2) Предлогот за огласување ништовно решение се поднесува во писмена форма до Заводот.
(3) Кон предлогот од ставот (2) на овој член подносителот е должен да ги достави
потребните докази.
(4) Заводот е должен во рок од 50 дена од приемот на предлогот да му го достави предлогот на носителот на правото и да го повика да се изјасни во определен рок кој не може да биде подолг од 60 дена од приемот на известувањето.
(5) Содржината на предлогот за огласување на решението за ништовно се утврдува со пропис кој го донесува директорот на Заводот.

Член 246

Решението со кое се огласува за ништовно решението за признавање на правото

61

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k


од индустриска сопственост се впишува во соодветниот регистар и се објавува во службеното гласило на Заводот.

Откажување од предлогот

Член 247

Ако подносителот на предлогот се откаже во текот на постапката од својот предлог да се огласи за ништовно решението за признавање на правото, Заводот може да ја продолжи постапката по службена должност или на барање од носителот на тоа право.

ДЕСЕТТИ ДЕЛ ЗАСТАПУВАЊЕ Член 248

(1) Застапувањето на странките во постапката за заштита на правата од индустриска сопственост пред Заводот и пред органите на државната управа можат да го вршат физички и правни лица кои се запишани во регистар што го води Заводот.
(2) Во регистарот од ставот (1) на овој член можат да се запишат:
- физичко лице кое има завршено правен или еден од техничките факултети и положен специјалистички испит од областа на индустриската сопственост или
посебен испит од областа што се регулира со овој закон, положен во Заводот и
- правно лице кое има вработено најмалку едно лице со завршен правен или еден од техничките факултети кое ги исполнува и условите од алинеја 1 на овој став. (3) Условите за полагање на стручниот испит за застапници за заштита на правата од индустриска сопственост; одржувањето, содржината и Програмата на стручниот испит; испитната комисија за спроведување на стручниот испит; постапката за спроведување на стручниот ис-пит; содржината, формата како и постапката по барањето за впишување во регистарот на застапници кој го води Заводот за заштита на индустриската сопственост; содржината на регистарот на застапници; објавување на податоци од регистарот на застапници во службеното гласило на Заводот; потврда за редовен застапник; содржината, формата, како и постапката по барањето за впишување промени во регистарот на застапници; рокот за поднесување на барање за обновување на впишувањето во регистарот на застапници; содржината, формата како и постапката по барањето за обновување на впишувањето во регистарот на застапници и бришењето од регистарот на застапници, се утврдуваат со пропис кој го донесува директорот на Заводот.

ЕДИНАЕСЕТТИ ДЕЛ НАДЗОР

Член 249

Надзор на спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, врши Министерството за економија.

Член 250

Инспекциски надзор на спроведувањето на одредбите од овој закон по однос на прометот и употребата на заштитените права од индустриската сопственост врши

62

Државниот пазарен инспекторат.

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

ДВАНАЕСЕТТИ ДЕЛ КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ

Член 251

(1) Со парична казна од 150.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок правното лице ако:
1) неовластено се занимава со застапување на странски правни и физички лица
(член 22);
2) неовластено користи пријавен или заштитен пронајдок (член 221 ставови (3) и
(4));
3) неовластено користи или имитира пријавен или заштитен индустриски дизајн
(член 221 ставови (3) и (4));
4) неовластено користи или имитира пријавена или заштитена трговска марка
(член 221 ставови (3) и (4));
5) неовластено користи " за трговска марка што не е регистрирана;
6) неовластено користи или имитира добро позната трговска марка (член 221
ставови (3) и (4));
7) неовластено користи или имитира заштитен географски назив (член 221
ставови (3) и (4));
8) на барање на носителот на правото не ги достави документите и податоците во врска со повреда (член 220 став (2) и член 234);
(2) За прекршок од ставот (1) на овој член ќе се казни со парична казна од
25.000 до 50.000 денари и одговорното лице во правното лице.
(3) За прекршокот од ставот (1) на овој член на правното лице ќе му се изрече заштитна мерка забрана на вршење на дејноста во траење од шест месеца до една година.
(4) Со парична казна од 10.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок граѓанин кој самостојно врши стопанска или професионална дејност, а нема својство на правно лице, ако стори некое од дејствијата од членот 251 на овој закон.
(5) Со парична казна од 10.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок физичко лице ако стори некое од дејствијата од членот 251 на овој закон.
(6) За прекршокот од ставот (1) на овој член на физичкото лице ќе му се изрече заштитна мерка забрана на вршење на дејноста во траење од шест месеца до една година.

ТРИНАЕСЕТТИ ДЕЛ ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Донесување на подзаконските акти

Член 252

(1) Прописите предвидени со овој закон ќе се донесат до 31 декември 2003
година.
(2) Прописот од членот 73 став (2) на овој закон ќе се донесе во рок од една година од денот на отпочнувањето на примената на овој закон.

63

превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

Постапки во тек

Член 253

(1) Во постапките за признавање на правата од индустриска сопственост за пријави поднесени пред примената на овој закон, ќе се применуваат одредбите од овој закон, освен за пријавите по кои Заводот преземал одредени дејства пред примената на овој закон.
(2) Постапките за повреда на правата од индустриска сопственост кои до денот на примената на овој закон не се завршени, ќе се завршат според прописите кои
биле во сила до денот на примената на овој закон.
(3) Постапките за огласување за ништовно решение за признавање на правата од индустриска сопственост кои до денот на примената на овој закон не завршиле ќе се завршат според прописите кои биле во сила до денот на примената на овој закон.
(4) За пријавите на патент за растителна сорта и хибрид за кои постапката не е завршена до денот на примената на овој закон, ќе се применуваат прописите кои биле во сила до денот на примената на овој закон.
(5) Одредбите од членот 73 став (2) на овој закон, за продолжување на рокот на важење за патенти со дополнителен сертификат ќе се применуваат на пријавите поднесени во Заводот по денот на примената на овој закон.
(6) Правата на патент за растителна сорта и хибрид кои се во важност на денот на примената на овој закон продолжуваат да важат според прописите кои биле во сила до денот на примената на овој закон.
(7) За правата на моделите, односно мострите кои се во важност на денот на
примената на овој закон, во однос на времетраењето на важноста ќе се применуваат одредбите од овој закон.
(8) Поднесувањето на пријави за стекнување на права од индустриска сопственост по електронски пат, ќе се применува од моментот на создавање услови за примена.

Продолжување со работа

Член 254

(1) Со денот на влегувањето во сила на овој закон, Бирото за заштита на индустриската сопственост продолжува да работи како Државен завод за индустриската сопственост.
(2) Директорот на Бирото за заштита на индустриската сопственост продолжува
да ја извршува функцијата директор на Заводот.
(3) Вработените, опремата, инвентарот и другите работи, архивата, документацијата, средствата за работа и други средства од Бирото за заштита на индустриската сопственост преминуваат во Државниот завод за индустриската сопственост.

Престанок на важење

Член 255

Со денот на отпочнувањето на примената на овој закон, престанува да важи Законот за индустриската сопственост ("Службен весник на Република Македонија" број 42/93).

64


立法 取代 (3 文本) 取代 (3 文本) 被以下文本修正 (3 文本) 被以下文本修正 (3 文本) 被以下文本废止 (1 文本) 被以下文本废止 (1 文本)
条约 关联 (6 条记录) 关联 (6 条记录)
无可用数据。

WIPO Lex编号 MK045