превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИНДУСТРИСКАТА СОПСТВЕНОСТ
Сл. Вес ник на Р. Македонија, бр.12 од 22.01.2014 година
Член 1
Во Законот за индустриската сопственост („Службен весник на Република
Македонија” број 21/2009 и 24/11), по членот 8 се додава нов наслов и нов член
8-а, кои гласат:
„Права кои произлегуваат од иновациска дејност
Член 8 - а
(1) Пронајдокот создаден во високообразовна, односно научноистражувачка установа, како резултат на иновациска или развојна дејност, финансиран со средства од Буџетот на Република Македонија согласно со Законот за иновациската дејност, припаѓа на високообразовната, односно научноистражувачката установа во која пронајдокот е создаден, освен ако пред да започне проектот поинаку не е договорено.
(2) Доколку пронајдокот создаден во установата целосно се финансира од страна на нарачателот, правото на располагање со пронајдокот му припаѓа на нарачателот, освен ако поинаку не е договорено. Нарачателот не може да го спречи објавувањето на пронајдокот од страна на пронајдувачот на начин што не ги попречува правата на интелектуална сопственост или потенцијалот за комерцијализација на пронајдокот.
(3) Доколку пронајдокот од ставот (1) на овој член е економски експлоатиран, пронајдувачот има право на надоместок во износ од најмалку 25% од вкупно остварениот приход кој установата го остварила со неговото комерцијално искористување.
(4) Процентот од ставот (3) на овој член може да се менува со писмен договор меѓу пронајдувачот и установата која остварила приход, при што процентот не може да биде помал од процентот утврден во ставот (3) на овој член.
(5) Кога има повеќе учесници во проектот, односно повеќе пронајдувачи создале
пронајдок, учеството во добивката се утврдува во зависност од нивниот поединечен придонес во нејзиното создавање согласно со договор.“
Член 2
Во членот 33 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи:
„(3) За правен следбеник на пронајдувачот се смета и високообразовна, односно
научноистражувачка установа во која е создадена иновацијата како резултат на иновациска или развојна дејност, финансирана со средства од Буџетот на Република Македонија, согласно со Законот за иновациската дејност, освен ако пред да започне проектот поинаку не е договорено.”
Член 3
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија".
1