превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ
Сл. Весник на Р. Македонија, бр.41 од 27.02.2014 година
Член 1
Во Законот за индустриска сопственост („Службен весник на Република Македонија” број 21/2009, 24/11 и 12/14), во членот 10 став (3) точката на крајот на реченицата се брише и се додаваат зборовите: „за време од четири години“.
По ставот (3) се додаваат два нови става (4) и (5), кои гласат:
„(4) Директорот и заменик директорот се избираат по пат на јавен оглас, објавен во три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Македонија, од кои еден од весниците што се издаваат е на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и трае 15 дена од денот на објавувањето.
(5) За директор и заменик директор може да биде именувано лица кое ги исполнува следниве услови, и тоа:
1) е државјанин на Република Македонија;
2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
4) да има минимум пет години работно искуство;
5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода и
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) и
6) има положено психолошки тест и тест за интегритет.“ Ставот (4) станува став (6).
Член 2
Директорот и заменик директорот на Државниот завод за индустриска сопственост именувани до денот на започнувањето на примената на членот 1 од овој закон продолжуваат да ја вршат функцијата до истекот на мандатот за кој се именувани.
Член 3
Одредбите на членот 1 од овој закон кои се однесуваат на условот за познавање на странски јазик ќе започнат да се применуваат по две години од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 4
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе започне да се применува по една година
од денот на влегувањето во сила на овој закон.
1