превземено од www . p r a v o . o r g . mk
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ТОПОГРАФИЈАТА НА ИНТЕГРАЛНИТЕ КОЛА
Сл. Весник на Р. Македонија, бр.53 од 21.03.2016 година
Член 1
Во Законот за заштита на топографијата на интегралните кола („Службен весник на
Република Македонија“ брoj 5/98 и 33/2006 и 136/11), членот 6 се менува и гласи: “Во управната постапка што се однесува на заштитата на топографијата во прв степен Заводот донесува решение.
Против решението од ставот 1 на овој член, барателот има право на жалба во рок од
15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.”.
Член 2
Започнатите постапки до денот на започнување на примената на овој закон ќе завршат согласно со законот по кој биле започнати.
Член 3
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на
Република Македонија”.
1