превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА
“Сл. весник на Р Македонија” бр. 3/98 од 22.01.1998 год.
Член 1
Во Законот за авторското право и сродните права (“Службен весник на Република Македонија” број 47/96) по член 1 по зборот “фонограмските” се става запирка, сврзникот “и” се брише, а по зборот “филмските” се додаваат зборовите “и сценските”.
Член 2
Во член 2 точка 8 зборовите: “на книжевно, музичко или сценско” се заменуваат со зборовите: “или друго користење на авторско право”, а по зборот “изведувањето” се додаваат зборовите: “или друго користење” и се става запирка.
Во точка 10 по зборот “фотографската” точката и запирката се бришат, се става запирка, се додаваат зборовите: “на дело од областа на применетата уметност, дизајнот, како и дело од научна и техничка природа” и се става точка и запирка.
Во точка 12 зборот “доколку” по зборовите: “кабловски приклучоци или” се брише.
Член 3
По член 5 по зборот “откритие” се додаваат зборовите: “како и”.
Член 4
Во член 7 став 1 по зборот “творештво” зборот “или” се брише и се става запирка, а по зборовите: “на други дела” се додаваат зборовите: “или друг материјал”.
Во став 3 по зборовите: “друго дело” и по зборовите: “тоа дело” се додаваат зборовите: “или друг материјал”.
Член 5
Во член 30 по зборот “на” се додаваат зборовите: “снимки на”, а по зборовите: “слични средства” точката се брише, се става запирка, се додаваат зборовите: “освен на аудиовизуелни дела” и се става точка.
Во член 32 алинеја 2 се брише.
Алинеите 3 и 4 стануваат 2 и 3.
Член 6
Член 35 се менува и гласи:
Член 7
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
“Заради појаснување, полемика и упатување, слободно е цитирање авторско право во обем што одговара на намената и целта на користењето”.
Во член 37 алинеја 3 се брише.
Алинејата 4 станува алинеја 3.
Член 8
Член 9
Во член 54 по зборовите: “член 52” се додаваат зборовите: “став 2”.
Член 10
Во член 84 став 1 по зборот во заградата “зборник” се става запирка и се додаваат зборовите: “база на податоци”.
Член 11
Во член 111 став 1 по алинеја 4 се додава алинеја 5 која гласи:
“- репродуцирање на изведба снимена на фонограми и видеограми на било кој начин или форма”.
Алинеите 5 и 6 стануваат алинеи 6 и 7.
Член 12
Во член 117 зборовите: “прво ќе ги сними” се заменуваат со зборовите: “ќе преземе иницијатива и одговорност за прво снимање на”.
Член 13
Во член 139 алинеја 1 зборовите: “јавно изведување”, се заменуваат со зборот: “објавување”.
Член 14
Во член 140 се додава нов став 2 кој гласи:
“Колективно може да се остваруваат и други видови на користење на
авторските дела, доколку е во интерес на авторите”.
Член 15
Во член 162 во став 1 зборот “непарични” се брише.
Член 16
Во член 168 став 1 зборовите: “од 4 до 20 плати” се заменуваат со
зборовите: “од 34.000.00 до 300.000.00 денари”.
Во став 2 зборовите: “од една петина до три плати” се заменуваат со
зборовите: “од 1.700.00 до 50.000.00 денари”.
Во став 3 зборовите: “од една десетина до една половина од плата” се
заменуваат со зборовите: “од 1.000.00 до 50.000.00 денари”.
Член 17
Во член 169 став 1 зборовите: “од четири до 10 плати” се заменуваат со зборовите: “од 34.000.00 до 150.000.00 денари”.
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Во став 2 зборовите: “од една петина до две плати” се заменуваат со зборовите: “од 1.700.00 до 34.000.00 денари”.
Во став 3 зборовите: “од една десетина до една половина од плата” се заменуваат со зборовите: “од 1.000.00 до 33.000.00 денари”.
Член 18
По член 170 се додава нов член 170-а, кој гласи:
“Член 170-а
Инспекторот од член 170 став 2 на овој закон има легитимација. Инспекторот е должен пред вршењето на инспекцијата да се легитимира. Образецот на легитимацијата и начинот на нејзиното издавање ги пропишува министерот за култура”.
Член 19
По член 184 се додава нов член 184-а, кој гласи:
“Член 184-а
Актот од член 170 на овој закон, министерот за култура ќе го донесе во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на овој закон”.
Член 20
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
“Службен весник на Република Македонија”.